Верувања поврзани со чавките

0
273


-Чавката има својства за претскажување на времето.

Ако сабајле се забележи чавката да бара по земјата јадење,значи дека зимата ќе биде студена и со снег.

Според други верувања,ако чавките летаат одозгора надолу,сабајлето ќе врне дожд,ако бегаат надолу пополека,ќе врне тивко,ако летаат силно,ќе врне силен дожд,а кога се качуваат на врв на топола,навестуваат лошо време.

Според тоа,чавките го претскажуваат и лошото и добро време: “Чавките најпоеќе праат ѓурлутија приквечер за да кобат да го расипат времето,а пак за да го напраат времето од лошо на убао,се збираат наутро и не праат ѓурлутија голема ами тивко ќе се збираат по највисоките куќи и тивко грачат,како да се радуат.Штом ги виде така,чекај убао време во најлошата зима.”

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука