НА ДЕНЕШЕН ДЕН -14 Октомври

0
398

 *14 октомври 1943 година во Скопје,роден е Кирил Дојчиновски прославен великан на македонскиот фудбал, фудбалер и тренер . За тимот на Вардар настапува пет сезони во периодот од 1962 до 1967 година. Притоа во дресот со „црвено-црните“ бои има одиграно вкупно 218 натпревари и настапено на 132 првенствени средби.Покрај настапите за Вардар тој беше долгогодишен првотимец на Црвана Звезда од Белград.Легендарниот Дојчиновски исто така во три наврати беше и шеф на стручниот штаб на најтрофејниот македонски фудбалски клуб во сезоните 1990/1991, 1996/1997 и за последен пат во 2007/2008 кога Вардар минуваше низ едни од најтешките денови од неговото постоење. Според некои кажувања Дојчиновски потекнува од Мралино?. Почина на 10 август 2022година.

*14 октомври 1953г.роден е одбојкарот Александар Тасевски,члеен на ОК Вардар и државната репрезентација. 

*14 октомври 1808.Французите ја укинаа Дубровничката Република, која беше создадена во 15 век. Во 1806 година Дубровник беше окупиран од Франција. Врз основа на одлука на Виенскиот конгрес Дубровник во 1815 година влезе во состав на Австрија. На Кралството на СХС Дубровник му припадна во 1918 година, а од 1991 година по распаѓањето на СФРЈ Дубровник и припаѓа на Република Хрватска.

*14октомври 1915г. Бугарија и објавила војна на Србија и окупирала делови од Македонија.

*14 октомври 1919.- Во Деде Агач, е роден Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Уште во 1938 година, кога е формиран Македонскиот литературен кружок во Софија, тој членуваше во него заедно со Никола Вапцаров, Коле Неделковски, Ѓорги Абаџиев, Антон Попов и со други прогресивни македонски писатели кои работеа за афирмирањето на македонската национална култура. Умре во Охрид, на 24 февруари 1976 година.

*14 октомври 1941.- Германските војници во Србија во Втората светска војна направија еден од најголемите воени злосторства стрелајќи во Краљево повеќе од 6.000 српски цивили, вклучувајќи жени и деца. 

*14 октомври1941.- Во селото Крупиште, Штипско, како одмазда за загубената борба, германските фашисти со вперени пушки влегуваа во куќите и ги собираа мажите од 15 до 60-годишна возраст, а притоа пукаа во секој што ќе почнеше да бега. Злосторниците влегуваа во куќите и ги гореа заедно со добитокот. Притоа стрелаа 49 луѓе. Истиот ден германските фашисти извршија масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото беше опожарено и беа стрелани 40 луѓе.

*14 октомври 1941.- Кај селото Бељановце, Кумановско, бугарската полиција ја разби групата (четата) „Карадак“ на Кумановскиот НО партизански одред. Притоа, покрај другите, загинаа Боро Менков, командант.

Перо Георгиев – Чичко, политички комесар и Бајрам Шабани, борец на таа група – тројцата народни херои на Југославија, од Македонија. Менков е роден во Куманово, во 1919 година. 

*14 октомври 1963, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада за реконструкција на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден во аналите на Обединетите нации остана забележан како ден на Скопје.

*14 октомври 1993.- Во Њујорк, е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под Уставното име – Република Македонија.

*14 октомври 1996.- Умре приоф. д-р Изидор Папо, по потекло босански Евреин, еден од најистакнатите хирурзи на поранешна Југославија, член на САНУ. Беше долгогодишен началник на Хируршката клиника на Воено-медицинската академија во Белград и долгогодишен главен хирург на бившата ЈНА. Посебно треба да се одбележи дека од неговото одделение и лично од него се лекувани многу пациенти од Македонија и дека има големи заслуги за развојот на хирургијата во Македонија. Роден е во Љубишки, кај Мостар, во 1913 година.

Претходниот артикал,Ден кога банкоматите немаа пари
Следната статијаФотографија од детството

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука