*За време турско Кадиино Село,било централно село во скопска блатија и името на селото произлегува затошто тука живеел КАДИЈАТА-СУДИЈАТА,а тој судел и затворал, затоа тука имало и ЗАНДАНА-ЗАТВОР.
Во Кадино Село, имало кула, како средновековен замок со зандани и со мазгалки.
Исмаил бег, кој во феудалните времиња бил управител на скопска Блатија, направил таму кула во 1209 година по турскиот календар (околу 1840-50 го-дина н.з.) за да се заштити од разбојниците.
Подоцна,неговите наследници во кулата се заштитувале од Омер паша кој бил испратен во Скопје да го смири и да го подчини Хамзи паша.(Позајмена слична фотографија на тој објект,истата не е од објектот за кој се збори во овој пост)