–15 февруари 1839.- Во Велес е роден Рајко Жинзифов, македонски писател, преродбеник и публицист. Во своите песни го опеа славното и тешко минато на македонскиот народ. Најпознато негово дело е поемата “Крвава кошула”. Умре во Москва, на 15 февруари 1877 година.

-15 февруари 1908г. во затворот Мурзук, кој се наоѓа во либиската провинција Фезан умира Марко Ив. Бошнаков. Учесник во Солунските атентати (1903). Тој зема дуќан преку улица од Отоманската банка, од кој е ископан тунел до основите на банката, која после тоа е срушена . Тој е роден во 1878г. во Охрид, тогаш во Османската империја. Станува член на кругот на „Гемиџиите“, додека учи во Солунската бугарска машка гимназија. Учествува во заговорот за убиството на Стефан Михалану и во Солунските атентати во 1903г.

–15 февруари 1912.- Во селото Чука, Костурско, е роден Паскал Митревски, учесник во НОВ против фашизмот и во Граѓанската војна во Грција. Умре во Скопје, на 10 февруари 1978 година.
–15 февруари 1922.- Во Хаг се одржа првата седница на Меѓународниот суд основан во 1920 од страна на Друштвото на народите.
-15 февруари 1936г. со закон за народни училишта се вовело осумгодишно основно училиште ,кој на важел за Вардарска Бановина ,тука се задржало четиригодишното школување.

-15 февруари 1950г.роден е Благоја Георгиевски-Буштур-Кошаркар,долгогодишен член на КК„Работнички“од Скопје.За својот Работнички одиграл повеќе од 600 натпревари, за младинската репрезентација на Југославија одиграл 60 натпревари за сениорската репрезентација на Југославија одиграл 129 натпревари , учествувал на 7 балкански првенства,на две медитерански игри,на 2 олимписки игри.Од сите нив носител е на златни,2 сребрени и еден бронзен мадал.(дата на раѓање 15-2-1950г според Книгата Бисери на македонскиот спорт ,додека по Википедија 15 -10-1950г.)

––15 февруари 1984.- Во Скопје почина акдемик Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, истакнат македонски научен и културен работник, долгогодишен редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и еден од првите членови на Македонската акедемија на науките и уметностите. Тој е автор на голем број трудови од областа на македонската уметничка и народна литература, како и од областа на другите словенски народи. Неговиот научен опус опфаќа повеќе од 1.000 библиографски единици. Роден е во Гостивар, на 30 јануари 1909 година
–15 феврури 1994.- Министерот за надворешни работи на Австралија, сенаторот Герет Еванс соопшти дека Австралија ја призна Република Македонија.

–15 февруари 1994.- Во Скопје умре Љубомир Белогаски, академски сликар, графичар и педагог, еден од основоположниците на македонското современо сликарство. Роден е во Делчево, на 15 април 1911 година.
–15 февруари 2001.- Заедничката дипломатско-експертска комисија за утврдување и опис на државната граница меѓу Репубилка Македонија и СР Југославија ја заврши својата четиригодишна работа.

-15 февруари 2016 година во населба Железара се осветија темелите и почна изградбата на македонската православна црква “Сретение Господово“. Чинот на осветувањето го изврши Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски.Идејата за изградба на црквата до трите кули кај Парк шумата “Гази Баба” е од 1974 година, а подготовките за нејзина реализација се од 2003 година. За населбата Железара, која има осум илјади жители, ова е прв православен храм.

– 15 февруари 2018.- По тешко боледување почина Абдилаќим Адеми, кој извршуваше и високи државни функции. Од 2008 година Адеми беше вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, од 2011 до 2014 година беше министер за животна средина и просторно планирање, а од 2014 до 2016 година ја извршуваше функцијата министер за образование и наука. Од 2002 до 2006 беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Адеми беше оженет и татко на еден син. Роден е на 20 декември 1969 година во тетовското село Шемшево.