НА ДЕНЕШЕН ДЕН 16 ФЕВРУАРИ

0
158

-16 февруари 2001.- Во селото Танушевци, во близина на македонско-косовската граница, дојде до вооружена престелка на органите за обезбедување на македонската граница со непознати вооружени лица со црни маскирни уни форми.При ова  новинарска екипа на А1 телевизија беше заробена, а по одземањето на камерата новинарите биле ослободени.

16 февруари 1994.- Република Грција ја затвори границата кон Република Македонија и воведе трговско ембарго кон Република Македонија, ги затвори Грчкиот конзулат во Скопје и Солунското пристаниште за Македонија. Ембаргото е укинато на 15 октомври 1995 година.

16 февруари 1944.- На планината Бабуна, борци на Првата македонско-косовска НОУ бригада го пронајдоа смрзнат и босоног, со празен ранец на грбот и со пушка која ја држеше со згрчените раце, својот соборец и ликовен уметник Андон Дуков. Роден е во Охрид, на 20 декември 1909 година

-16 февруари  1912г.Во Прилеп роден е Крум Тошев ,,македонски славист,македонист,и универзитетски професор .Коавтор е на првиот е на првиот „Македонски Правопис со правописен речник“ Автор е на многу учебници и читанки ,како и поголем број научни  и стручни трудови .Починал во Скопје во 1976г.

.16 февруари 1949.- Во Скопје излезе првиот број на „Студентски весник“, орган на Универзитетскиот комитет на Народната студентска младина.

16 февруари 1986.- Во Скопје почина Стефан Таневски, македонски писател. Ги напиша историските трагедии „Иван“, „Владимир и Косара“ и „Рог“, како и збирката поезија „Ноќни бразди“. Роден е во Скопје, на 7 април 1918 година.

16 февруари 1986.- Во Скопје почина  Мирослава Ралева, македонски книжевен и научно-стручен преведувач, долгогодишен директор на Школата за странски јазици во Скопје. Родена е во Скопје, на 6 јуни 1932 година.

16 февруари 1996.- Европскиот парламент донесе одлука за пристапување на Република Македонија во Европската програма ФАРЕ за помош и развој на земјите од Централна и Источна Европа.

16 февруари 2014.- Во Будимпешта умрел проф. д-р Гашпар Биро, поранешен ректор на Универзитетот „Американ колеџ“од Скопје. Тој беше посветен пријател на Македонија, посебно ќе се паметат неговите напори во раните фази на меѓународно признавање на Република Македонија, како и неговиот придонес за продлабочување на билатералните односи меѓу Унгарија и Македонија.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 15 ФЕВРУАРИ
Следната статијаМОСТ ЕЛЕН СКОК

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука