Баба Марта или Летник (Започнувале Денови на Бабите)

0
626

Баба Марта или Летниk

 

29, 30, 31 Март – стар стил) кај македонскиот народ се познати како Бабини денови, или едноставно Бабите. Според народните верувања, времето може да биде студено се додека не поминат овие три дена, и навистина, секоја година овие денови се одликуваат со необично студено време проследено со силен ветар.
Овој климатски феномен претставува основа за голем број преданија во повеќе делови на Македонија, во кои главно се раскажува за некоја баба која, охрабрена од топлото време кон крајот на месецот Март, го навредила и заминала во планина да ја паси својата стока. Март и’ се осветил така што позајмил три денови од Април и ја замрзнал бабата во планината


Во народните верувања, претставени во изреки и бајки, името и е поврзано со името на месец “март”.
Првите три месеци – јануари, февруари и март се митски ликови во народните преданија. Јануари и февруари се претставени како браќа со лут карактер – Голем Сечко и Мал Сечко. Баба Марта се смета за нивна сестра која од една страна е насмевната и добронамерна, од друга страна е непредвидливо зла.

Овој месец е со многу променливо време во кој се присутни сите годишни времиња ,од снег и мраз,ветришта ,па до  многу топли денови.Од тие причини создадени се многу поговорки ,како на пример:„Во март и жаба да се помоча во нивата ќе има зијан сеидбата“

Во скопска блатија ,во минатото постоел обичај да се палат буништа,слама и да се прескокнува преку огнот за да се истресат и изгорат болвите,со чурењето се верувало дека ќе се заштитат овошките од мраз,за да нема змии низ дворовите и во куќите.

Исто така на овој ден не се употребувало предмети со сечиво волкот да не ги коле овците ,змиите да не ги касат луѓето итн.

Сепак ова се само неколку од народните верување од минатото во скопска околија,  сигурно постојат уште многу верувања во другите краеви низ Македонија.

Според народните верувања, баба Марта е олицетворение на пролетта, повторното раѓање, а кога на земјата испраќа снег, тоа е за да ги предупреди луѓето за нивното однесување.

Месецот март во нашите народни преданија е претставен како баба Марта, чудна баба и исклучително непредвидлива. Затоа, во март може да вее снег, но и изненадно времето да се стопли и сонцето да грее како да е лето.

Еве интересна приказна зошто месецот март го добил името баба Марта:

Легендата вели дека баба Марта првпат се разгневила кога римскиот крал Нума ѝ го одземал местото на прва дама во календарот, додавајќи пред неа уште два месеца. Токму затоа старицата станала навистина чудна, во еден момент во нејзе се будел воениот дух на богот Марс, па така на земјата испраќала студ, а во друг момент со насмевка на лицето испраќала пролет.

Претходниот артикал,ФК Мралино
Следната статијаПоглед на населба Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука