Стара нова година- Василица и Обрезание на Исус Христос

0
282
 
 Денес се одбележуваат три настана :Стара нова година,Св Василиј(Василица) и Обрезание на Исус Христос
Православните христијани кои што  се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат православната нова година, која почнува утре на Василица.
Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. Слично како и на Бадник, во некои краишта низ Македонија на семејната трпеза се крши погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.Тој обичај со погачата и паричката во Илинден и неговото пошироко опкружување се изведува на Бадник .
Народно верување :
На Василица секоја домќинка месела пита ,питата -баницата се поставувала на кош првртен наопаку на гумното и сите од семејството излегувале да ја јадат питата  и да трчаат  околу стожерот при тоа да дуваат во парчето пита. Ова симболизирало лесна вршидба (трчањето околу стожерот), а дувањето во питата да има ветер кога ќе се вее житото.
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.
Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.
Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од калуѓерите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.
Покрај Св .Василиј -Василица денеска се одбележува и ОБРЕЗАНИЕ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС
Осмиот ден по раѓањето, Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраама, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господа покажува дека Он на Себе прими вистинско човечко тело, а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште, Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот Закон, којшто Он Самиот го дал преку Пророците и Праотците. Откако ја исполни таа заповед од Законот, во Својата Црква Христос ја замени со Крштението. „Зашто во Исуса Христа ниту обрезанието има некаква сила ниту необрезанието, туку новата твар“ (Гал. 6, 15), објавува апостолот. Во црковната богослужба овој Господов празник нема ни претпразненство ниту попразненство.
Претходниот артикал,„НЕКРСТЕНИ “ ДЕНОВИ
Следната статија„БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ“

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука