ПРИКАЗНА ЗА ГОВЕДАРОВ КАМЕН-ОВЧЕ ПОЛЕ

0
238

Каменот е вистинско чудо. Среде рамното Овче Поле, на левата страна на селото Ерџелија, на околу шест километри од Свети Николе се издига огромен камен, меѓу народот попознат како Говедаров Камен или „симбол на женска радост“.На Ѓурговден секоја година овде доаѓаат многу луѓе од земјава и од странство. Овде нема поделба по религии, по политичка припадност и по финансиска моќ. Сите се млади брачни парови кои бараат лек за својата мака. На овој празник, пред каменот за кој велат дека има чудотворна моќ, секој си замислува желба и се обидува да откорне парче од каменот, бидејќи постои верување дека ако успее, ќе му се оствари посакуваната желба и следната година ќе има новороденче. Феномен е што, без разлика на тоа колку луѓе ќе дојдат кај каменот, секоја година се раѓаат по 40 деца.

Овде, секоја жена што нема деца доаѓа кај каменот на Ѓурѓовден и бара кум, кој помага да го изведат традиционалниот ритуал. Кумот на каменот им објаснува на невестата и на момчето како да го сплетат коланот. Младите парови со црвена и со бела волница трипати ја обиколуваат карпата. Невестата се качува на карпата, се мие од водата од врутокот што извира среде карпата. Коланот се плете и потоа кумот ~ го врзува на половината на невестата. Во него се плете и каменчето што идната мајка го откршува од карпата.

Белата боја е симбол за ново, црвената за плодност. Жената го носи појасот до наредната година. Ако роди дете, наредната година со новата рожба доаѓа на каменот – вели чичко Киро, кој веќе шести пат е кум. Има осум дечиња што ги крстил. Киро вели дека кога ќе се роди новата рожба, родителите доаѓаат на каменот со детето, носејќи подароци, најчесто јагне, машко или женско, во зависност какво е детето.

Легендата за царот кој сакал машко дете Во некое време минато во Овче Поле владеел цар кој што имал сè , но немал деца. Сакал да има син кој ќе го наследи, поинао  многу години и царицата забременила.Царот бил радосен, но и исплашен какво дете ќе му роди царицата , дали ќе му се роди син или  ќерка.Исчекувај ќи го денот на раѓањето на царицата Царот им се заканил на дворјаните дека дури и со смрт ако детето на биде машко.Дворјаните се погрижиле детето да биде машко, така што зеле машко новороденче од номадите чергари, па кога царицата се породила тие веднаш го замениле детето со малото циганче, а царското бебе го дале на чергарите. Царевото дете било машко, но дворјаните веќе не биле во можност да ги заменуваат децата. Двете дечиња растеле. Царевиот син, сега чергарче, ги пасел говедата и постојано се качувал на еден висок камен и зборувал:


– Колку е убаво ова поле за да се води војна во него! Од оваа страна ќе ја водам пешадијата, а од оној рид ќе го изненадам непријателот со коњаницата, па така секако ќе победам!
Донесениот наследник, зборувал:
– Да имам дрвца, колку убави вретена би можел да направам! Ех, што е убаво да се потковуваат и оседлуваат коњите…
Постојано чукал со чекан, и било очигледно неговото несовпаѓање со царскиот двор. На царот не му се допаѓало однесувањето на детето, но немал каде – тоа бил неговиот наследник.
По многу години еден од дворјаните, за да му се додвори на царот, му ја кажал вистината – дека вистинскиот принц е кај чергарите, а тој во дворот всушност е циганче. Царот веднаш наредил да се спреми кочијата и тргнал по царството за да трага по вистинскиот си син.
Откако го минал целото царство, изморен не очајувал бидејќи не го нашол сина си. Мудро, на сите 16 годишни момчиња им се поставило истото прашање:Колку бобатсво сакаш да имаш?

Повеќето одговориле дека сакаат полна кола златници, некои дури и ја побарале царевата златна кочија.
Пред да се прибере дома, царот го здогледал говедарчето качено на огромниот камен, му се доближил и го запрашал што гледа:
– Го разгледувам полето и се думам колку е тоа убаво за водење војна, одговорил вистинскиот царски син.
Царот видел дека детето е на иста возраст како неговото во дворецот, па го запрашал:
– Колку богатство би сакал да имаш?
Без воопшто да размислува, говедарчето одговорило:
– Не сакам големо богатство, само толкаво колку што изнесува еден дожд во април и два дожда во месец мај!
Царот се стаписал  од бистрината на детето, бидејќи во Овче Поле секоја капка дожд во тие месеци чинела и повеќе од еден златник. Веднаш сфатил дека тоа е неговиот син. Го зел со себе, го повел во царскиот двор и му ја кажал вистината за неговото потекло.
Ден денешен во Овчеполието стрчи Говедар камен, а жените кои што не можат да родат одат таму на Ѓурѓовден, оставајќи подароци врзуваат конци околу каменот

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука