*25 октомври 1925г. Роден е Пеце Атанасовски во село Долнени, Прилепско. Неговите први музички ангажмани започнуваат со националната радио станица. Бил професионално ангажиран во Радио Скопје (1946) и во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец” во Скопје (1950). Од 1959 г. до пензионирањето бил раководител на Оркестарот од народни инструменти во Радио Скопје и кореограф на повеќе од дваесет КУД во РМ. Од 1966 г. полни 29 години ја раководел Фолклорната школа за странци во Отешево. Со своите гостувања со разни културно- уметнички друштва низ светот ги афирмирал високите достоинства на Македонскиот мелос.Пеце Атанасовски беше долгогодишен Раководител –Кореограф на КУД „ИЛИНДЕН “од Илинден .

*25 октомври 1689г.Австриската војска влезе во Скопје, кој бил полн со залихи од животни намирници и трговски стоки, но напуштен од месното население, кое броело околу 60,000. Градот го освоил Австро-унгарскиот генерал Силвио Пиколомини кој подоцна утре дента го запалил Скопје поради епидемија на чума и за да не им остави ништо на непријателите. Градот горел цели два дена и бил скоро целосно уништен. Во 19 век Скопје станува важен сообраќаен центар и во него цвета занаетчиството.

*25 Oктомври 1904 ГОДИНА, ЗАГИНАЛ ВОЈВОДАТА ЃУРЧИН НАУМОВ – ПЉАКОТ КАЈ ,СЕЛО СЛАТИНА КИЧЕВСКО .Роден е во с. Сланско, село во близина на Македонски Брод, во 1851 година. Еден од најстарите дејци во Револуционерната организација и борец против беговско-османското ропство. Во март 1901 година, заедно со Јордан Пиперката е вклучен во четата на војводата Никола Петров Русински, а потоа и во четата на Веле Марков. На 23 јули 1902 година (нов стил) учествува во борбата кај селото Ракитница во која загинува војводата Веле Марков, заедно со шест негови четници, додека Ѓурчин Наумов и уште тројца четници успеале да ја пробијат турската заседа. На 30 јуни 1902 година Окружниот комитет во Битола го назначи за крушевски војвода. За време на Илинденското востание, при ослободувањето на Крушево, Ѓурчин Наумов како стар и искусен војвода играл значајна улога во правењето на планот за борбата. Храбро загинал во борба со многуброен турски аскер на кај с. Слатина, Кичевско.
* 25 октомври 1908 година. весникот „Вашингтон хералд“ објави Текст под наслов „Мала Македонија“ е репортажа од кафеаната „Македонија“ на Васил Поп Стефанов, која како што вели репортерот, се наоѓа на чекор од стокатниците на Менхетн, во Њујорк. Во „Македонија“ новинарот разговара со неколкумина гости со свежи спомени од нивните комитски денови кои му ги пренесуваат на гостинот. Од пренесеното излегува дека не само Чернопеев, туку и Сандански го почувствувал на својот грб, чадорот на Мис Стон

* 25 октомври 1912 година по 520-годишно владеење Османлиите го напуштаат Скопје, а веќе наредниот ден влегува Моравската дивизија на српската војска со што градот потпаѓа под српска окупација. Предавање на градот Скопје. Кметот Решад Беј го замолил Рускиот конзул решението да го предаде на српските војски.

Предавањето е извршено на патот Скопје-Куманово, во местото Бучук, меѓу Решад Беј и кнез Александар.(БУЧУК ,стариот пат Скопје –Куманово ,што поминува низ Арачиново-Никуштак-Уминдол-Љубодраг)

*25 октомври1936.- Предаден е во употреба часовникот на Саат-кулата во Битола. Тој е подарок од Народниот сојуз на Германија, а во знак на бладораност што битолчани им дале на Германците плац за изградба на Тврдината на загинатите германски војници во Првата светска војна на боиштето на Македонскиот фронт. Инаку, Саат-кулата се претпоставува дека е изградена во 17. век или во 1830 година кога е изградена црквата „Свети Димитрија“.

* 25 октомври 1944.- Јапонците за првпат извршија напад со „камикази“ (пилоти самоубијци) против американската морнарица во заливот Лејт на островот Самар, во Филипинскиот архипелаг. Притоа, потопени беа три носачи на авиони и три десантни брода. Јапонија во текот на војната изврши вкупно 2.314 напади од кои целта ја погодија 474 „камикази“.
* 25 октомври1995.- Амбасадата на Република Турција во Скопје го информира Министерството за надворешни работи на Република Македонија дека Република Македонија е примена за полноправна членка на Црноморската конвенција за соработка во областа на културата, образованието, науката и информирањето.