Со Петковден за почнуваат куќните -домашните слави,на трпезата по тој повод овир работи се неопходни да бидат на трпезта Колачот-Лебчето,Свеќа,Пченица житото и вино.
Колачот, една врста на леб кој традиционално и посебно се подготвува по повод куќните слави посветени на одреден светец.
Секоја домаќинка на куќата која слави меси и посебно го „шара“ со разни шари и истиот е накитен со крст на средината ,со пилиња , земјоделски плодови ,со цел да има бериќет и благосостојба во куќата.
Свештеното лице го чати-осветува колачот и со член од семејството го крши претходно засечувајќи го со крст, каде со вино го посипува вкрстувањето на засекот.
Виното ја преставува Исусовата крв,а колачот Исусовото тело.
Пожелно е секој член од семејството и секој гост да проба од колачот ,за здравје и почит кон светецот,куќата и домаќините.
Се смета дека и најлошо испечен или подготвен домашен славски колач подобар е од купечкиот.
Во постаро време секоја домаќинка поседувала дрвен жиг со испишани букви ИС НИ КА, што значи Исус Христос ,победува и истиот се втиснувал во колачот.