-1 Април,Ден на хуморот, Ден на шега или Ден на лагата. Многумина сакаат да се пошегуват, да се посмеaт или да изиграат некого, но само во еден ден во годината, тоа не е грев и го прават сите. Таква е традицијата. Првоаприлската лага треба да исполнува еден услов – да не повредува никого… .

-1 април 527г. Јустиниан станал Император на Римската империја со
седиште во Константинопол(Цариград).Јустинијан I (латински: Flavius Petrus
Sabbatius Iustinianus) (11 мај, 483–13/14 ноември, 565) бил византиски цар,
император на Источното Римско Царство (од 527—565 год.), христијанин и
православен теолог.
Најстојувал да ја обнови моќта и големината на
Римската Империја која била ослабена со упадите на варварските
племиња. Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока
православна вера.
Изградил голем број прекрасни храмови, од кои
најубав е Света Софија во Цариград. Ги собрал и ги спроведувал римските закони. Поради неговите заслуги за развојот на црквата и ширењето
на верата, Светиот Цар Јустинијан се смета за светец во православното
христијанство.
Се смета оти Јустиниан е роден во скопското село Таор(тогашен Тауресианум) и оти ја основал првата македонска Архиепископија “Јустиниана Прима“ со седиште во скопската област.
Државниот Правен факултет во Скопје сега го носи неговото име “Јустиниан Први“.

–1 април 1920.- Во Крушево е роден Наум Наумовски – Борче, народен херој на Македонија. Умре во Скопје, на 28 септември 1960 година.

-1 април 1924 година е датумот на втемелувањето на музејската дејност во Македонија.Собирањето на предметите од античкиот и од средновековниот период започнало во 1919 година, а пет години подоцна бил оформен тогашниот Музеј на Вардарската Бановина како прва музејска институција и бил сместен во Куршумли ан во Старата скопска чаршија.Подоцна преименуван во Музеј на јужна Србија, па Народен музеј во текот на Втората светска војна, од 1949 година се нарекува Археолошки музеј на Македонија, кога музејските збирки биле сместени во зградата на касарната на Скопското Кале.
Од 1982 до 2013 година, Археолошкиот музеј дејствува како составен дел од Музејот на Македонија. Поминувајќи низ сите историски и општествени промени, Археолошкиот музеј во Скопје во текот на своето постоење од речиси цел век, до денес продолжува да биде столб на собирањето, истражувањето, згрижувањето, проучувањето и презентацијата на движното археолошко наследство.
-1 април 1951.- Формиран е Архивот на Македонија – Ден на архивистите на Македонија

–1 април 2001.- Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ е уапсен во Белград.–1 април 2015.- Во 95-тата година од животот почина оперската солистка Фанка Икономова, уметник од првата генерација и еден од основоположниците на Македонската опера и балет. Во својата долгогодишна кариера Фанка Икономова одигра многу ролји. За неа не беше важно дали е тоа главна, епизодна или споредна улога, таа со ист жар и ентузијазам, на сите им пристапуваше подеднакво. Ќе остане запаметена и како коректен соработник и колега. Во списокот на одиграни улоги на Фанка Икономова (1920-2015) се: Адела („Лилјакот“), Анжелика, Бјонда („Грабнување од сарајот“), Втора вештица („Дидона и многу други.