НА ДЕНЕШЕН ДЕН -19 Ноември

0
310

* 19 ноември 1983 година ва Илинден се одржа завршниот дел од Сојузната Емисијата „Знаење-Имање“,во која Илинден беше домаќин ,а гостин беше Окучани –Нова Градишка.За време на заедничкото дружење од 16 до 20 ноември се одржаа многу натпреварувачки  спортски и други настани.Врв на дружењето беше  20 ноември  на заедничката културно уметничка програма со едновечерен концерт на нашето КУД „Илинден“и КУД „Милан Станивуковиќ Официр“,кој беше пренесуван на програмата на ЈРТ.Гостите (60 лица) тие 4 дена беа приватно сместени во домовите на домаќините од Илинден ,од што се родија многу пријтелства ,а некои трајат и до ден денес.

*1887.- Во Велес е роден Михајло Шојлев, македонски сликар. Работеше реалистички пејзажи, копии на фрески и илустрации. Умре во Скопје, во 1972 година.

* 19 ноември 1939, Во Скопје роден е Андон Дончевски , поранешен фудбалски тренер и играч којшто поголемиот дел од својата играчка а воедно и тренерска кариера го мина во ФК Вардар од Скопје – Република Македонија. Бил репрезентативец на Југославија. Врвот на својата тренерска слава го доживеа токму како тренер на Вардар со кого во сезоната 1986/87 ја освои шампионската титула во првата лига на СФРЈ. Прв селектор на репрезентацијата на Македонија во периодот од јули 1993 до декември 1995.

* 19 ноември 1919.- Во Кочани е роден Благој Попов, носител на „Партизанска споменица 1941“, повеќе години истакнат македонски раководител, познат како успешен претседател на Собранието на градот Скопје во времето на земјотресот во 1963 година и обновата на градот и како еден од претседателите на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.

* 19 ноември 1920.- Во Битола е роден Бранко Зарески, македонски поет, критичар и еден од доајените на македонското новинарство. Умре во Скопје, на 4 мај 1979 година.

* 19 ноември 1924.- Во Галичник е роден д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар, автор на стотина трудови, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Најпознат е како долгогодишен раководител на Одделението за документација на Институтот за национална историја. Умре на 6 јануари 1983 година.

* 19 ноември 1936.- Во првите борби пред Мадрид, како борец на интернационалните бригади во Шпанската граѓанска војна (1936-1939), загина Ганчо Хаџипанзов, македонски револуционер и поет. Од неговото поетско творештво е позната само поемата „Ќе се вратам“. Роден е во Велес, во 1900 година.

* 19 ноември 1944г. По петдневни борби кај хидроцентралата „Матка“,селата Глумово,Групчин,Копачин Дол и Леарце против балистите ,единиците на Педесетата македонска дивизија и на третата македонска бригада го ослободија Тетово.

* 19 ноември 1985 година во фабриката „Застава“ од Крагујевац  и официјално се означи крајот на производството на автомобилот  „фиат 750“, односно во народот попознат како „фиќо“.

* 19 ноември 1985.- Вo Белград умре Благоја Чешларов, истакнат македонски музичар – интерпретатор, музички педагог и основач на повеќе музички групи и оркестри.

* 19 ноември 1991.-  Одбележана е 800-годишнината од живописувањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско. Зографирањето на црквата почнало на 15 април 1191 година.

* 19 ноември 1991.- Пратениците на Собранието на Република Македонија едногласно донесоа Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава.

* 19 ноември 1998.- Конституирано е третото (второ по осамостојувањето) Собрание на Република Македонија. За претседател е избран Саво Климовски.

19 ноември 2004.- Во Прилеп умре Благоја Ристевски – Платнар, македонски писател и новинар. Познати се неговите драмски текстови „Карцинома мамае“, „Спиро Црне“, „Арсениј“, „Летни Силјане“, „Лепа Ангелина“ и „Венко“. Роден е во Прилеп, на 5 март 1940 година.

Претходниот артикал,Новица Трајковски
Следната статијаСАШЕ АНГЕЛОВСКИ –ПРОФЕСИОНАЛЕН ПЧЕЛАР

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука