–21 јануари 1979.- Во Белград умре Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор и диригент. Непосредно по ослободувањето го формира Пејачкиот хор на ГШ на НОВ на Македонија, а во 1945 година стана прв директор на Средното музичко училиште во Скопје. Тој беше еден од главните организатори на музичкиот живот во Македонија. Меѓу другото, беше главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на Симфонискиот оркестар на Операта при МНТ, а од 1958 година до 1964 година го водеше Ансамблот за народни игри и песни на Македонија “Танец”. Роден е во Куманово, на 6 ноември 1909 година.

–21 јануари 1909.- Во Тетово е роден Тодор Скаловски, македонски композитор, диригент, и еден од најистакнатите претставници на првата генерација македонски композитори и академик. Умре во Скопје, на 1 јули 2004 година.

– 21 јануари 1939 година ,почина Иван ( Јонко) Вапцаров ,тој е македонски револуционер и војвода, деец на македонското ослободително движење, татко на Никола и Борис Вапцарови. Во 1896 година станува член на ТМОРО, а од 1901 година е секретар на револуционерниот комитет во Банско. Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а по Востанието бил затворен во Солун. Амнестиран е по Младотурската револуција во 1908 година. По убиството на Тодор Александров бил припадник првин на ВМРО на Иван Михајлов, а потоа на Александар Протогеров.
–21 јануари 1945.- На Скопскиот аеродром проработи првиот “вистински” среднобранов предавател на територијата на НР Македонија со сила од 200 вати.

–21 јануари 1995.- Во Скопје умре Душко Костовски, македонски драмски, филмски и телевизиски артист. Роден е во Дебар, во 19390 година.
–21 јануари 2006.- Умре Зоран Ковачевски, македонски писател. Автор е на книгите „Охридски приказни“, „Семејна фреска“, „Летачи на метли“, „Аристотел од Ресен“, „Добрина“, „Одмазда“, „Историја на светото дело“, „Пејач“, „Кога ни петлите не пејат“ и други. Роден е во Светозарево, на 15 април 1943 година.
-21 јануари 2012.- На 71-годишна возраст умре проф. д-р Владислав Милев, примариус, педијатар-имунолог и еден од основоположниците на имунологијата во Македонија. Автор е на бројни научни трудови, публикации и книги од областа на имунологијата. До пензионирањето беше шеф на Катедрата по педијатрија при Медицинскиот факултет во Скопје. Проф. Милев го формираше Одделот за интензивна терапија на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар во Скопје, и беше негов раководител подолги години. За својата стручна и научна работа има добиено голем број домашни и меѓународни признанија и благодарници.

-21 јануари 2019 почина Исмаил Мачев – Маки.Поранешниот атлетичар
на Вардар, а подоцна на Црвена Звезда, актуелен рекордер на Македонија на 400
метри и член на “белата” штафета на Југославија, по кратко боледување
почина.
Голем човек и голем шампион. Остави голем траг
во југословенската атлетика.