НА ДЕНЕШЕН ДЕН -21 МАЈ

0
149

* 21 мај е светски ден на културната различност.

 * 21 мај 1967г. младинската фолклорна група од с.  Миладиновци учествуваше на меѓународната смотра на фолклотот во Загреб.

* 21 мај 1880 година, Привремената влада на Македонија – “Единство” до генералниот серуски конзул во Солун, Н. Улјанов, испратила Протоколарно решение, во кое, покрај другите констатации, му го пренесува и мислењето дека на “меѓународните конгреси на големите сили Македонија е оставана сирак”, дека “единствено Македонија, која во древното време имала своја цивилизација и го дала Аристотел и Александар Велики, е лишена од секаква помош”, како и тоа дека, доколку Високата порта не стори ништо, “Привремената влада на Македонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: Македонија на Македонците, за Македонија, за воспоставување на древна Македонија!” Апел на привремена Влада на Македонија – „Единство“ (21 мај 1880 год.).

*21 мај 1903 година во селото Могила загинал Војводата Парашкев Цветков.  На 20 мај 1903 година, четата од 20 души предводени од Војводата Парашкев Цветков пристигнала во битолското село Могила. Четета била предадена и во утринските часови на 21 мај била опколена од 300 турски војници. По 36 часовна неравноправна борба, Парашкев Цветков бил тешко ранет и за да не биде заробен се самоубива. Покрај него во борбата со турскиот аскер биле убиени дедо Андреј Петров, Димитар Филдишев, Кочо Песнаџиев и уште 8 востаници, додека другите се спасуваат. Турските загуби биле 80 војници.

*21 мај1923 година, во Д’мбени, Костурско,роден е Васко Караџа автор на „Современиот грчко-македонски речник“Васко Караџа– почина на 9 февруари 2005. во Скопје. Македонски писател и преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.Васко Караџа е родум од селото Д’мбени, Костурско, Егејска Македонија (денес северна Грција). Во 1946 г. се приклучил кон Демократската армија. Во 1949. тој заминува како политички емигрант во тогашна Југославија и потоа, по личната перипетија низ државите на Источна Европа – СССР, за подоцна, во 1963. година да се пресели во Скопје, во тогашна Социјалистичка Република Македонија.

*21 мај 1998.- Починал Манол Пандевски – македонски историчар и академик. Дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет  во Скопје. Бил директор на Институтот за национална историја, главен редактор на проектот за повеќетомната Историја на Македонија. Дописен член на МАНУ од 1976, а редовен од 1981 година. Добитник бил на многу високи награди, меѓу кои нагрдата „11 Октомври“ за животно дело. Автор е на голем број статии и трудови. Во 1987 година му е објавен повеќетомен избор од научната дејност под наслов „Македонското ослободително дело во XIX и XX век“.

* 21 мај 2002.- Починал Слободан Мицковиќ – македонски есеист, критичар, романсиер и преведувач. Мицковиќ бил роден во Битола на 18 јуни 1935 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје.  Работел како уредник за уметничка литература во издавачката куќа „Мисла“, како и во Македонскиот народен театар. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и раководител на Институтот за македонска литература. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Член на ДПМ бил од 1965 година. Автор е на многи книги.

* 21 мај 2006.- Одржан е референдум за државниот статус на Црна Гора. На референдумот, со тесно мнозинство, одлучено е Црна Гора да се одвои од рамките на Државната заедница Србија и Црна Гора

Претходниот артикал,Фотографија на свадбата на Јован и Бина-1968
Следната статијаПреданија за името на Битола

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука