НА ДЕНЕШЕН ДЕН-25 ЈУЛИ
* 25 јули 1904 година.Ристоман Попчевски бил осуден на смрт и обесен. Во 1904 година, тој од Окружниот комитет добил задача за подметнување темпирана пеколна машина на мостот на реката Вардар по железничката линија Скопје – Солун. Одлуката на Окружниот комитет била во согласност со конгресните решенија на струмичките и солунските делегети донесени во 1904 година на планината Огражден. Ристоман Попчевски темелно се подготвувал за извршување на поставената задача. На 4 јули 1904 година, темпираната пеколна машина ја предал на станицата во Удово, адресирана како пакет до Солун. Поради промена на тарифата возот задоцнил неколку минути такашто пеколната направа наместо на мостот експлодирала на станицата Гевгелија. За оваа акција тој бил осуден од Османлиските власти пресудата планирале да ја извршат во Струмица. Откако дознале дека револуционерните чети се подготвувале на патот Удово – Струмица да го ослободат осуденикот, се откажале од таквата намера. Ристоман Попчевски бил обесен во Гевгелија.Ристоман Попчевски е роден 1870 година во струмичкото село Попчево. Неговото семејство се занимавало со земјоделство и сточарство, но и со трговија. Се одликувал со голема смелост, храброст и лојалност кон македонското ослободително дело. Саможртвата ја разбирал како чин на најсвета должност кон којашто се стреми секој револуционерен деец.
* 25 јули 1909.- Францускиот пилот Луј Блерио прв го прелета со авион каналот Ла Манш.

* 25 јули 1925.- Во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња, млада македонска партизанка во НОВ. Кај селото Папрадиште, Титовелешко, велешкиот партизански одред “Димитар Влахов” беше нападнат од бугарската полиција. Невена Георгиева, која се бореше во првите борбени редови.

*25 јули 1946 година во Скопје, родена е Љупка Димитровска, легенда на забавната музика и шлагерите на просторите на поранешна Југославија, а врвот на својата кариера го достигна 70-сеттите и 80-сеттите години.Беше во брак со хрватскиот композитор и диригент Никица Калоѓера, кој почина во 2006. Таа има издадено вкупно 11 албуми и повеќе од 20 синглови. Меѓу нејзините најголеми хитови се „Адио“, „Та твоја барка мала“, како и баладата „Ѕвонат ѕвонат“ изведена на штипски „Макфест“ во 1990 година.Љупка Димитровска почина на 3 октомври 2016 година.
* 25 јули 1947.- Три баталјони на ДАГ од Епир и од Македонија, во чиј состав влегуваше и четата на Атанас Кизов, ги нападнаа владините војски во градот Гревена. Целта на операцијата за заземање на градот не успеа. Во оваа битка голема борбеност покажа Кизов, кој при обидот да уништи еден непријателски бункер смртно беше погоден. Роден е во селото Нерет, Леринско, во 1914 година.
*25 јули 1984.- Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја стана првата жена која стапна на Месечината и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која двапати била во нејзиното пространство
* 25 јули 1997.- Сојузот на извидниците на Македонија е примен во Светската скаутска организација, чие седиште е во Женева, Швајцарија.

*25 јули 2003.- Легендарното Црешово топче, кое го користеа македонските востаници во времето на Илинденското востание во 1903 година, а се чува во Воениот музеј во Истанбул (него, на 25 јули 1997 година го пронајде мајорот на Армијата на Република Македонија Ванче Стојчев, доктор по историски науки и професор на Воената академија „Михаило Апостолски“ во Скопје) е донесено во Република Македонија. Република Турција и го отстапи на Република Македонија на привремено (три месеци) чување по повод 100-годишнината од Илинденското востание