– 21 март е Светски ден на пролетта и екологијата

-21 март е Светски ден на даунов синдром.

– 21март 2001г. во трговскиот комплекс Чаирчанка во Чаир, Скопје, беше убиен полицаецот Јане Јакимовски откако му било пукано во грб.

-21 март 1902 година,на пат од Кукушко кон Петричко ,четата на МИХАИЛ АПОСТОЛОВ ПОПЕТО , е фатена од силна турска потера и во таа борба загинал Михаил Апостолов, во борба со турската потера , меѓу селата Чугунци и Гавалјанци- Кукушко. Во 1899 година, Попето како близок соработник на Гоце Делчев и негов придружник, бил во обиколката на Пиринско, а потоа Воденско и Ениџевардарско, каде ќе се сретне со Илија Крчовалијата, Иван Карасулијата и Апостол Петков. Во февруари 1900 година Попето поминал со четата која брои 15 – 20 луѓе низ гевгелиското село Оризари, а потоа се префрла во Кукушко. Води борби со турскиот аскер кај селото Д’мбово, на планината Кожув и на други места. Истата година, тој продолжува со своите обиколки по Македонија и ја посетува Тиквешијата. Седум години Попето бил недофатлива сенка. Преправен како овчар, просјак, селанец или граѓанин, тој одеше по планините, колибите, селата и градовите. Сам или со вооружена чета, тој бил толку претпазлив што Турците за него дознавале дури откако ќе си заминал и бил надвор од секоја опасност.Сепак, по седум години успешно избегнување на потерите, Турците дознаваат за неговото движење, кога по налог од ЦК на ТМОРО, Попето со четата заминал за Петричко. Силна турска потера ја стигнала четата и започнала борба со неа меѓу селата Чугунци и Гавалјанци. Во борбата која се развила на 21 март 1902 година, загинал Михаило Апостолов – Попето. Погребан е во дворот на црквата во Гавалјанци.

-21 март 1905 год, заедно со целата своја чета во борба со турскиот аскер, во месноста Џарлов рид во близина на селото Лесково, загинал гевгелискиот војвода ИВАНЧО КАРАСУЛИЈАТА.

-21 МАРТ 1907 Умре Македонецот Михаил (Мише) Спиров Развигоров, македонски револуционер. Студирал во педагошкото училиште во Ќустендил и Казанлак. Во 1895 година станал учител во Штип и се вклучил во револуционерната организација. За време на Виничката афера (1897) бил уапсен и протеран ( заточен) во Мала Азија. По ослободувањето во 1902 година се враќа во Македонија и учествува во подготовката на Илинденското Македонско востание. По крајот и неуспехот на востанието станува Штипски регионален војвода. Развигоров учествувал во работата на Рилскиот конгрес на Внатрешната македонско-одринска организација (ВМОРО) во 1905 година. Неговата чета водела жестока битка со турските чети, каде Развигоров се самоубил за да не падне во рацете на непријателот.

-21 март 1931 во с.Гарниково –Кавадаречко , роден е Блаже Ристовски, македонски книжевен историчар ,филолог,фолклорист,и историчар .Академик и заменик претседател на првата влада по осамостојувањето на Македонија.

-21 март 1947.- Во зимскиот спортски центар Попова Шапка се одржа Првиот шарпланински смук, најстара спортска меѓународна манифестација во Македонија. Се натпреваруваа триесеттина смучари од Унгарија, од Романија, од Бугарија и од Југославија. Победи Унгарецот Петер Силко..
-21 март 1994.- Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост.

-21 март 1998.- Во Скопје е одржано Основачкото собрание на политичката партија Демократска алтернатива. За претседател е избран д-р Васил Тупурковски.

-21 март 2006 Градскиот совет на општина Битола донесе одлука за промена на грбот на градот.