НА ДЕНЕШЕН ДЕН 31 ЈАНУАРИ

0
333

-31 јануари 2012.- На 98-годишна возраст умре македонскиот фотограф и кинематограф Благоја Дрнков. Беше доајен и уметник на фотографијата и неуморен истражувач и документарист на македонската традиција, уметност и култура. Во текот на својата кариера, тој бил директор на Филмската дирекција на Македонија (ФИДИМА) и прв филмски дописник и снимател за „Филмске новости“ од Македонија. Благоја Дрнков е добитник на повеќе награди меѓу кои наградата „11 Октомври“ за животно дело во полето на филмот и фотографијата, награда за животно дело од Друштвото на ликовни уметници за применета уметност на Македонија, во 1975 година, Медал за заслуги за Македонија во 2008 година и титулата „Зограф на културата на РМ“, додеделено од Министерството за култура на Р. Македонија во 2011 година. Благоја Дрнков е единствен македонски автор чие творештво е одбележано 1985 година, во Интернационалната енциклопедија на фотографи – од 1839 до сегашноста, објавена во Швајцарија и во која се застапени најпознатите фотографи во светот од почетоците на фотографијата до денес.

Благоја Дрнков ,за населба Илинден е посебно важна личност ,затоа што во Илинден во 1959г. го има снимено документарниот филм „БЕЛИ ШТРКОВИ“

– 31 јануари 1902г. имало средба меѓу Јане Сандански, Христо Чернопеев, и преговарачите од САД, Хаус во името на Сад ги прифатиле барањата, 104 килограми на злато билo предадено на 23 02 1902 г. Мис Стон билa ослободенa од Андон Ќосето во село Градошорци, Струмица. 

-31 јануари 1911, Струмица родена е Баба Ванѓа,починала на 11 август 1996г . во Петрич,една од најпознатите јасновитки во светот.  

-31 јануари 1921 година во Кавадарци е одржан првиот официјален попис на населението во рамките на Кралството Југославија.Според пописот  Кавадарци само градот имал 5.542 жители.

-31јануари 1914г. во Скопје пристигнале првите 93 семејства-колонисти од Војводина

-31 јануари 1946 година Собранието го изгласало првиот устав на ФНРЈ.

-31 јануари 1927 г. во Радовиш роден е  Ацо Караманов македонски поет, раскажувач, романсиер и револуционер. Тој е еден од најистакнатите, најталентирани млади македонски личности во годините на Втората Светска Војна..  Во пролетта 1943 заедно со неговите соученици стапува во редовите на СКОЈ. По повеќе од еден месец од стапувањето во партизани, на денот кога го испеал и последниот стих „Ние кога умираме треба да пееме“, во една престрелка со германските воени сили во ноќта меѓу 9/10 октомври 1944 година на височината кај селото Стојмирово, Беровско, бил тешко ранет и масакриран по заробувањето. Ацо Караманов имал само 17 години кога го положил својот млад живот на олтарот на слобадата за Македонија. 

-31 јануари 1943  роден е Ристо Василевски — македонски поет, есеист, критичар, преведувач.

-31 јануари 1994.- Швајцарската Конфедерација и Принципатот Лихтенштајн воспоставија дипломатски односи со Република Македонија.

-31 јануари 1994.- Во Скопје е формирано Друштво на македонско-турско пријателство и соработка.

-31 јануари 2016.- На 91 година во Скопје почина Нада Прличкова, долгогодишна, но и легендарна суфлерка на Македонскиот народен театар. Првите професионални суфлери во 70-годишната историја на МНТ се  Нада Стојкова, подоцна Прличкова и Божидар Тодоровски. Била во брак со Петре Прличко, доајен на македонското актерство.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 30 ЈАНУАРИ
Следната статијаБобан Христовски е новоизбран кум на денешниот празник Св.Атанас во Илинден.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука