НА ДЕНЕШЕН ДЕН -22 МАРТ

0
101

-22 март 1961 Прогласен е Светскиот ден на метеорологијата и на водите.

– 22 март 1943 Сите Евреи од Македонија кои беа собрани oд бугарските власти во Монополот во Скопје беа транспортирани во логорот на смртта Треблинка, во Полска, во кој по извесно време беа ликвидирани од германските фашисти.

-22 март 1873.- Во селото Лактиње, Охридско, е роден Дејан Војвода,македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација и охридски војвода на ТМОРО. Водел успешни борби со османлиската војска и башибозукот во Охридско. Учествувал во подготовките за Илинденското востание (набавувал оружје), потоа на Смилевскиот конгрес и во низа борби со турскиот аскер. Во пресрет на Првата балканска војна Дејан Мицков Димитров – Карпата, на препад бил уапсен и спроведен во затворот во село Песочани и страшно измачуван, а потоа, заради заплашување на населението, со алка на вилицата, како мечка бил воден по селата каде што војводувал. Според раскажувањето на старите илинденци, тоа што го преживеал големиот охридски војвода за време на измачувањето, не можеле да го издржат ни најсилните мажи,а потоа бил жив запален.

-22 март 1938.- Во селото Рајчица, Дебарско, е роден Тришо Стојановски, македонски писател и новинар. Автор е на поетските и на прозните книги „Меѓу две реки“, „Сочувана земја“, „Немолклива земја“ и „Рајска земја“. Умре во Скопје, на 1 октомври 1986 година.

– 22 март 1940 родена е Лилјана Белева — македонски писател.

-22 март 1980 роден е Вели Мумин — македонски боксер . Уште како многу млад, Мумин решил да му се посвети на боксот. Неговиот талент, уште во пионерските денови во БК „Скопје“ прв го забележал неговиот тренер Руждија Калач. Во 2003 година, во Бангког, Тајланд, во категоријата до 51 кг, Мумин го освоил петтото место, а две години подоцна, во Мијанијанг, Кина, тој бил на 16 позиција. Најголем негов успех е бронзениот медал на Европското првенство од 2006, кое се одржало во Пловдив, Бугарија. Мумин учествувал уште на четири Европски првенства во сениорска конкуренција и притоа, два пати во Тампере, Финска и во Пула, Хрватска, успеал да стигне до петтото место во категоријата до 48 кг. Секоја година по ред, од 1994 до 2007, Мумин ја освојувал титулата првак на Македонија (вкупно, 22 титули), а во 1997 за првпат станал балкански шампион, по што освоил уште две балкански титули. Трипати го освоил „златниот гонг“ и двапати е прогласен за спортист на Македонија.

-22 март 1994 Министерството за односи со странство на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Турција прими нота од Министерството за надворешни работи на Република Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држaва.

-22 март 1996 Македонската академија на науките и уметностите е примена за член на Асоцијацијата на европските академиии.

-22 март 2004 Македонскиот премиер Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Република Македонија во Европската Унија.

 22 март 2005, Почина Кензо Танге — јапонски архитект и добитник на Прицкеровата награда во 1987 година. Покрај изработката на планот за обнова на Хирошима, познат е и по изработката на урбанистичките планови за Токио и Скопје. Во 1965 година, Танге бил замолен да го изработи урбанистичкиот план на градот Скопје, кој по земјотресот во 1963 година бил 65% разрушен. Планот за обнова кој го изработил бил налик на оној за Токио од 1960 година. Предлогот на Танге се базираше на два метафорични концепта – Градска порта и Градски ѕид. За жал, планот бил само делумно исполнет, а од неговите конструкции биле изградени новата железничка станица и линијата на станбени згради во центарот на градот, познати како „градски ѕид“.

– 22 март 2009 Одржан првиот круг од Претседателските избори во Република Македонија.

-22 март 2015г.во Скопје,почина Петар Хаџи Бошков  ,еден од најистакнатите македонски вајари, почесен член на Македонската академија на науките и уметностите. Во 1953 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, на Одделот за вајарство. Во 1959/60 година специјализирал вајарство на Кралскиот колеџ за ликовни уметности и на Слејдовата школа за ликовни уметности (Slade Scool of Fine Arts) во Лондон. Во 1965/66 година бил гостин-професор на Академијата за ликовни уметности Купер во Њујорк (Academie Cooper Union of Fine Arts New York). Проф. Хаџи Бошков од 1964 до 1980 година работел во Училиштето за применета уметност во Скопје.

Претходниот артикал,Г.Г.Доситеј со верници од Миладиновци
Следната статија„БЕЈТОВЦИ“-Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука