Свадба на Киро и Живка во Австралија

4
211

Фотографија од свадбата на Киро Соколовски кој припаѓа на родот Дончевци со Живка од Битолско,која со нејзините родители престојуваат во Австралија.

 Никола Мерџановски и неговата сопруга Марија се кумови на Киро и Живка на фотографијата  се ќерките на Никола и Марија  Евелина и Марија и син му Жан. 

Никола Мерџановски е прв нашинец кој заминал во странство уште 1952 г. кога  емигрантскиот пат преку неколку европски држави многу мориња и океани го однел дури  во Австралија.

Таму формирал семејство ,создал свој бизнис , формирал фудбалски клуб(Алтона) бил многу активен во зачувување на нашето културно и севкупно наследство со разни активности со нашите иселеници.

Сите нашинци кои пристигнувале по него во Австралија биле потпомогнати од него во решавање на основните нивни проблеми за вработување, сместувањето како и  што се гледа од фотографијата ,на доста нашинци им бил и кум на свадбите.

Киро Бошковски со сопругата Зорка и со децата за Австралија заминал во70-те години.

Претходниот артикал,Прослава на Патронат во ООУ „Гоце Делчев“
Следната статијаЧАУШОВИ-Арачиново

4 Коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука