НА ДЕНЕШЕН ДЕН -22 Октомври

0
160

* 22 октомври 1887.- Во Бирото за патенти во Њујорк Никола Тесла ги пријави своите шест изуми: асинхронен мотор, обратно магнетно поле, повеќефазна наизменична струја, начин на изработка на мотор за повеќефазна струја, генератор и трансформатор. Изумите во 1888 година ги откупи фирмата „Вестингхаус“, а нивните примени ги прикажа на светската изложба во Чикаго во 1893 година.

* 22 октомври1917.- Во Прилеп е роден Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. Тој е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, на Уметничката школа во Скопје, на Уметничката галерија, на ликовната група „Денес“, професор на Педагошката академија во Скопје и на Академијата во Багдад, во Ирак. Најпознат е по своите фрески изведени во Скопје, во Кичево, во Велес и во Сиудат Мексико. Автор е и на повеќе мозаици. Умре во Скопје, на 16 јуни 1993 година.

* 22 октомври 1915г. бугарската војска навлегла во Скопје

* 22 октомври1927.- Во Белград умре Борисав – Бора Станковиќ, српски писател, еден од најзначајните српски прозаисти од почетокот на 20. век. Најпознат е по делата „Нечиста крв“ (роман), по драмите „Ташана“ и „Коштана“, како и по расказите „Стари денови“. Роден е во Врање, на 31 март 1875 година.

* 22 ОКТОМВРИ 1942г.Во селото Сопотско, Ресенско, е убиен Стерјо ЃЕОРГИЕВСКИ-Жорж, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.   Роден бил во Битола, на 6 јуни 1922 година. . Набрзо по формирањето на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ станал негов борец. По одржаниот митинг на Одредот во селото Сопотско, Ресенско, кога започнала борба со бугарските воено-полициски сили тој бил убиен.

* 22 октомври 1951 година се случила првата авионска несреќа во Македонија од цивилен карактер, според хроничарите на македонското воздухопловств.Авионот на ЈАТ,  кој полетал од Белград се урнал на аеродромот во Скопје, при што загинале 12 луѓе

*22 октомври 1962 г.Претседателот на САД, Џон Кенеди нареди морнарицата и авијацијата на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметаше дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се најде во најдраматичниот период по Втората светска војна кога лесно можеше да избувне нуклеарна пресметка меѓу двете супер сили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов доведе најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД, дека нема да ја нападнат Куба.

* 22 октомври1973.- Во Скопје умре Димитар Николоски – Луј, македонски музички педагог и композитор. Музика учеше во Белград и во Софија, а дипломира на музичкиот отсек на Педагошката академија во Скопје. Роден е во Прилеп, на 7 октомври 1913 година.

* 22 октомври1997.- Најстарата македонска православна црква во Австралија, “Свети Ѓорѓи”, во Фицрој, осветена во 1960 година, е продадена за 810.000 австралиски долари на градежна фирма.

*22 октомври 2010 година ,удрен е камен темелник на ПЕКАБЕСКO во Кадино

Претходниот артикал,АНПИ ИЛИНДЕН
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН – 23 Октомври

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука