* 28 ноември 1948г. започнала градбата на „Народниот Дом“ во Илинден.Во употрба пуштен е на 28 ноември 1952г. Домот е граден со материјална и финансиска помош на државата и ударничка работна рака на граѓаните од Илинден,Марино,Ајватовци и Бунарџик.Секој полнолетен жител требало да одработи по 40 часа(ударнички-бесплатно) во изградбата на истиот.Инаку домот преставувал седиште на Народниот Одбор во кој влегувале погоре именуваните села.По растурањето на колективизација (СРЗ),со домот раководеле повеќе организации истиот се довел во руинирана состојба, иако тој на два пати е саниран.

Eднаш непосредно по земјотресот(кога се намали висината на кино салата од два на еден кат и од тогаш е изменет првобитниот изглед) и вториот пат пред одржување на емисијата„ Знаење-Имање“ -1982 г.Инаку за време на своето постоење во Домот се случувале сите општествено-политички,образовно,здраствени,културно – уметнички и спортски случувања,ПТТ услуги и најважно од се КООПЕРАЦИЈАТА кој беше единствен објект за снабдување на населението пред се од Илинден и Марино,до 70-те години од минатиот век.Истиот е урнат во 2011г. и на истото место е изграден денешниот Дом на Култура Илинден.
* 28 ноември 1907 година, на денешен ден, биле убиени Иван Гарванов и Борис Сарафов, – едни од најистакнатите раководители на македонско-одринското револуционерно движење. Егзекуцијата на двајцата дејци, во тоа време членови на Временото задгранично представителство на ВМОРО, е извршена од Тодор Паница по одлука на Серскиот окружен комитет. Вечна слава!

* 28 ноември 1936 година. отворена првата јавна телефонска говорница во Скопје. Станува збор за две јавни телефонски говорници. Првата се наоѓала на плоштадот, пред Стопанскиот дом, односно ресторанот „Метропол“. Втората говорница била во чаршијата, која тогаш особено била прометна. Говорницата била лоцирана точно пред влезот на „Капан-ан“.

* 28 ноември 2001.- Во Скопје умре Божидар Тодоровски – Бодле, македонски поет, сликар и режисер. Автор е на книгите поезија „Бумеранг“, „Неспогодби“, „Сонетен венец на непризнатите“, „Диво коњче“, „Горчлива нафора“ и „Боемски уроци“. Роден е во Прилеп, на 11 август 1933 година е роден Шукри Рамо, поет, раскажувач и литературен критичар од турската националност во Македонија. Автор е на книгите поезија „Татковината е една, не заборавај“, „Венец“, „Добредојдовте“, на збирките „Полско цвеќе“, „Со огнот кон ѕвездите“ и други дела. Умре во Скопје, на 18 ноември 1988 година.
* 28 ноември 1996.- Во Скопје умре Ташко Хаџијанев, еден од организаторите на македонското национално движење и на антифашистичката борба во Егејска Македонија. Роден е во Воден, на 27 септември 1922 година.
* 28 ноември 1997.- Во Скопје, свечено е отворена Амбасадата на Австрија во Република Македонија.

*28 ноември 2015 се случи голем инцидент на македонско-грчката граница. Додека нашата полиција го обезбедуваше поставувањето на ограда на границата, неколку стотини мигранти ја нападнаа со камења при што 18 повредени полицајци, од кои 2 потешко!

*28 ноември 2018 година почина академик Блаже Ристовски, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Академик Блаже Ристовски е роден на 21 март 1931 година во с. Гарниково, Кавадаречко. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата за литература на народите на СФРЈ и македонски јазик), а по одбраната на докторската дисертација „Крсте П. Мисирков – живот и делото“ (1965), бил избран за директор на Институтот за фолклор во Скопје. Како научен советник, преминува во Институтот за национална историја (1977-1991) каде што раководел со тимот за културната историја и со Балканолошкото одделение, а до пензионирањето работи како научен советник во Институтот за старословенска култура во Прилеп (1993-1995).Академик Блаже Ристовски го посвети целиот свој работен век како неуморен и многу плоден истражувач на македонската литература, на јазичната и националната историја, на фолклорот, на појавата и развитокот на македонскиот народ и македонската национална мисла, кои се објавени во голем број книги. Ќе остане во сеќавање неговата целосна посветеност кон работата, кој со зрелоста на неговите научни достигнувања значајно придонесе во афирмацијата на македонската историографија.Од 1991 до 1992 година, академик Блаже Ристовски ја вршеше функцијата потпретседател на првата Влада на самостојна Република Македонија.За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988 година, а за редовен член на 20 јуни 1996 година. Беше научен секретар на МАНУ од 1999 до 2002 година, а во периодот од 2011 до 2015 година беше секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука.