НА ДЕНЕШЕН ДЕН-25 АПРИЛ

0
92

-25 април 1191година. Започнало зографирањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско. Една од најпознатите фрески е ангелот од Курбиново.

 -25 април 1944 година ,прво ослободување на Кратово,иако слободата траела само еден ден , од утро до квечерина, сепак, кратовци се горди што први се кренаа на бунт и со пожртвувана борба на Третата македонска ударна бригада под команда на генералот Михајло Апостолски , Кратово бил прв ослободен град во Македонија.

-25 април 2011.- На Гумење во Крушево за посетителите е отворена Спомен-куќата на Тоше, во која над 350 автентични експонати ќе раскажуваат за детството, тинејџерските години, врвот на кариерата и вербата и хуманоста на најголемата македонска музичка ѕвезда. Спомен-куќата се простира на околу 870 метри квадратни во форма на крст, изградена од бетон и стакло според проектот на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски. 

-25 април 1960.- Во Битола е основано Друштвото за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината.

-25 април 1979.- Во Битола е прогласено основањето на вториот Универзитет во СР Македонија. На 13 јуни 1993 година Собранието на Универзитетот во Битола донесе одлука од 30 јуни Универзитетот да се вика “Свети Климент Охридски”.

-25 април 1995.- Во Скопје умре Јово Камберски, макeдонски писател. Тој ги напиша романите “Пресуда”, “Колона”, “Пресметка” и “Празник” и книгите раскази “Виденија” и “Траги”. Роден е во Гевгелија, на 11 јануари 1923 година.

-25 април 1996.- Република Македонија и Хондурас воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

-25 Април 2008 година, на 66 годишна возраст почина Доајенот на Македонската Народна Песна ПЕПИ БАФТИРОВСКИ Тој беше познат по неговите Големи Хитови кој ден денес се слушаат: ЗАВЕТНА , СЕ МИ ЗЕМАШ ЖИВОТЕ, СИНЕ МОЈ, АКО ЗГРЕШАМ НЕКА ИЗГОРАМ, САМО ЕДНА ПЕСНА и Други. ( 1942 – 2008)

-25 април 2012.- Умре Таса Илиевска, учесник во НОВ и носител на партизанска споменица од 1941 година.

-25 април 2014.- По кусо боледување на 66 години почина проф. д-р Миладин Крстаноски, истакнат професор на ФТУ и доктор по правни науки. Крстаноски беше добитник на Климентова награда – награда за животно дело во 2008 година. Во неговиот работен век има работено во „Отекс” Охрид, бил секретар во печатница “Коста Абрашевиќ” од Охрид, директор на општ сектор во фабриката, „Борис Кидрич” во Струга, секретар на ГП „Трудбеник” во Охрид, претседател на Судот за прекршоци – Охрид.

Претходниот артикал,Полуматурска фотографија на 8-а
Следната статијаРаде Видински-поранешен фудбалер

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука