Ѓуришки манастир
Манастирот се наоѓа јужно од селото Крушица, на едно возвишение во месноста Ѓуриште, истиот се наоѓа на тромеѓето момеѓу Велешко, Кумановско и Штипско.

Црквата е изградена во 1880 година, куполна и со живопис. Поседува голем имот доволно згради, а исто така и имоти.
Манастирот се наоѓа близу до селото Сушица , поради кое што и манастирот се споменува и како Сушички.

Во месец септември 1912 година една турска чета од блиското турско село Иванковци го напаѓа манастирот и ги заробила игуменот Исидор, мајка му, луѓето кои се грижеле за животните, кметот од село Крушица и уште еден човек, ги врзale и ги убиle внатре во црквата.
Причина за свирепите убиства биле сомнежите дека во манастирот се криеле комитски чети, за што говорат и честите напади врз аскерот во овој крај.
Манастирот е надалеку прочуен по своето богатство.









































