– Денеска е Ден на телесните инвалиди наМакедонија
*25 јуни 1956.– Роден е Борис Трајковски, вториот по ред претседател на Република Македонија (од 15 декември 1999 година, до 26 февруари 2004 година). Трајковски дипломираше на Правниот факултет на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје, а во 1980 година, специјализираше економско право и трудово право. Борис Трајковски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во 1999гбеше избран за Претседател на Република Македонија . Загина на 26 февруари 2004 г. во авионската несреќа што се случи во планински предел во близина на Мостар. На пат кон Сараево во истиот авион патуваа вкупно девет луѓе и сите трагично ги загубија животите.Во оваа несреќа загина и Борис Велинов ,телохранител на Трајковски ,наш сограѓанин. И покрај неколку домашни и меѓународни истраги причините за трагичната авионска несреќа се уште докрај не се расветлени.

*25 јуни во 1905 година, меѓу селата Куклица и Пендаќ, три илјадна турска војска и жандармерија ја опколила четата од 13 борци на македонскиот војвода Атанас Бабата (Атанас Димитров). Во жестоката борба, кога привршила муницијата, борците ја изгореле архивата на четата, ги искршиле пушките и револверите, извикувајќи: „Да живее слободна Македонија“ и се самоубиле. Атанас Бабата е еден од првите членови на ТМОРО, работел во повеќе од 16 реони, а бил раководител на околу 40 борбени акции. За време на Илинденското востание од 1903 година дејствувал во Кратовско. Атанас Бабата бил роден во село Санитово, Пазарџиско, во 1875 годинa.
*25 јуни 1906.- По една акција на четата на војводата Ѓорѓи Ацев кај селото Крапа, кај Македонски Брод, против една великосрпска платеничка чета, војводата беше ранет, а за да не биде заробен, се самоуби. Тој е брат на познатите македонски војводи Мирче и Петар Ацев. Роден е во селото Ораовец, Прилепско, во 1883 или 1884 година.

*25 јуни 1913 година починал Георги Василев Мончев – македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. Мончев е роден 1883 година во Прилеп, Македонија.Во 1902 година завршил во Солунската бугарска гимназија, а таму станал член на Организацијата. По текот на Илинденското востание земал учество во многу борби со османлиската војска како четник на Даме Груев. По востанието бил член на Солунскиот окружен револуционерен комитет. Од 1906 до 1908 година е четник на Александар Китанов и Гоце Меѓуречки. Учествувал како делегат на Ќустендилскиот конгрес.При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година Мончев предводел партизанска чета № 27 од 10 лица четници на Македонско-одринското ополчение, која дејствува во Кукушко и Солунско. Потоа служи во Втора чета на петнаесетата Штипско дружина, а во Втората балканска војна – во зборната партизанска чета на МОО. Повреден е на 23 јуни 1913 година и по неуспешниот обид да се самоубие, во бесознание се нашол во грчко заробеништво. Починал од повредите во Солун. Добитник е на орден “За храброст”


*25 јуни 1934во с.Слоештица –Демирхисар роден е Петре М. Андреевски, македонски поет, романсиер, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи.Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател. Почина во Скопје на 25 септември 2006.Постхумно му е доделен Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.

*25 јуни 1938г.Претседателот на Кралската Влада Д-р. Милан Стојадиновиќ,присуствувал во Скопје на осветувањето на :Банската Палата,денес Собранието на Македонија,Женската гимназија ,урната во земјотресот се наоѓаше на местото кај што е денес зградата на владата на РМ.,на истиот ден свечано е пуштена во употреба хидроцентралата на Треска-Матка.
*25 јуни 1992.– Литванија ја призна Република Македонија.
*25 јуни 1996.- Република Македонија и Катар воспоставија дипломатски односи.

*25 јуни 2001г., на Попова Шапка, Тетовско, загинува КОСТЕ ВОЛКАНОСКИ (†40) од 120мм граната која доаѓала од селото Бродец.

*25 јуни 2001 година во хотелот „Белви“ во 14,30 часот се одржал состанок на македонскиот државен и воен врв со највисоките претставници на НАТО и ОБСЕ, меѓу кои Хавиер Солана и Питер Фејт. На неа, претседателот Борис Трајковски го известил генерал Петровски дека генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон ја прифатил идејата за извлекувањето на терористите од Арачиново, при што му пренел да се прекине со акцијата на македонските сили бидејќи во Арачиново имало 30 луѓе на НАТО, за што ветил дека ќе даде список со нивните имиња. На крајот било договорено терористите да бидат извлечени во селото Никуштак и тоа во организација на НАТО, а македонските сили да ги тргнат тенковите од Арачиново и патот Арачиново – Никуштак.