Денеска 3 јуни се празнува Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.Патрон на црквата во населба Илинден,во изградба .
Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на хроистијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.Честит именден на сите што ги носат овие свети имиња.