-28 април е Светски ден на безбедноста и заштитата на работа
-28 април 2001 Најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Република Македонија. Масакрот се случи на 28 април 2001 година во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“.Загинаа Марјан Божиновски (27), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (25), Илчо Стојановски (24) Роберт Петковски(27) Бобан Трајковск (28)Игор Костески (26) и Миле Јанески (30)

Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.
Иако нападнати од заседа и во безизлезна правлива кривина, на планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце – тетовско, војниците и полицајците даваа получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.

.
-28 април 518 година. Катастрофален земјотрес го разрушил Скупи(Скопје)По земјотресот Скупи веќе не се спомнува, а скопската котлина добива нов град со името Јустинијана Прима.


-28 април 1903.- Во Солун, од 28 до 1 –ви мај (група македонски интелектуалци, формирана со цел со динамитни акции да се предизвика интервенција на европските сили во Македонија и да се запознае европската јавност со состојбата во Македонија) ги дигнаа во воздух францускиот брод “Гвадалкивир”, Отоманската банка, Поштата, Плинарницата и други јавни објекти. Овие настани, познати како Солунски атентати, извршени неколку месеци пред Илинденското востание, претставуваат најкрупен настан кој предизвика силен ефект во европската јавност и во европската дипломатија. Овој подвиг го изведоа: Јордан Поп Јорданов – Орцето, Димитар Мечев, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Костадин Кирков, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, Павел Шатев Марко Бошнаков, Цветко Трајков …. храбрите момчиња 28 април 1918.- Во воениот затвор Терезин, во Чешка, умре Гаврило Принцип, припадник на организацијата на босанската револуционерна младина “Млада Босна”. На 28 јуни 1914 година, во Сараево изврши атентат врз австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд. Беше осуден на 20 години затвор. Роден е во Велики Обљај, кај Босанско Грахово, на 25 јули 1894 година.
28 април 1964 Излегло првото издание на „Битолски весник“.

-28 април 2004 Бранко Црвенковски е избран за Претседател на Република Македонија.
-28 април 2012.- Умре Милан Фирфов, редовен професор во пензија на Факултетот за музички уметности. Фирфов беше истакнат музички работник, диригент, пијанист и оперски пејач. Ќе остане запаметен по многубројните солистички и концертни настапи на разни музички манифестации во државата и во странство и како исклучителен професор по соло-пеење и клавир.









































