НА ДЕНЕШЕН ДЕН 28 ФЕВРУАРИ

0
158

  

*28 февруари 1908.-  Петар Христов – Германчето се самоубил , тој е македонски револуционер и војвода, член на ВМРО, активен учесник во Илинденското востание, по кое заминал на печалба во САД. Во Преспанско, во борба против турската војска, во една безизлезна ситуација, за да не падне жив во рацете на непријателот, се самоубил Во 1905 година се вратил во татковината и учествувал во борбата на македонскиот народ за ослободување од турската власт. Роден бил во селото Герман, Преспанско.

*28 Февруари 1915 година е роден Диме Поцев, учесник во НОВ.Тој е и носител на Партизанска споменица од 1941 година. Во младите години се занимава со спорт и е еден од најдобрите гимнастичари на Соколското друштво во Кавадарци. Во 1934 г. на првенството во лесна атлетика и гимнастика во Скопје го освоил првото место. Во 1941 година е еден од организаторите на штрајкот на монополските работници. Во мај 1943 година е меѓу првите борци на тиквешкиот партизански одред “Добри Даскалов“.

*28 февруари 274.- Во Наисус (денес Ниш) е роден Константин Велики, римски цар од 306 до 337 година. Тој заедно со Лициниј владееше со Источното римско царство и заедно со него го издаде Миланскиот едикт со кој се дава слобода на вероисповедта на христијаните. Тој е првиот римски цар кој во христијанската црква почна да бара потпора за својата власт и за тогашниот робовладетелски поредок на империјата. Во 330 година формира нова престолнина на исток – Константинопол (Цариград, Истанбул). Умре во 337 година.

Името на нашиот црковен храм во Илинден  во негова чест го носи неговото  име. .

*28 февруари 1934.- Основан е Музејот на град Битола.

 *28 февруари 1981.- Во Скопје умре Љутви Руси, прозаист од албанска националност во Македонија. Негови најзначајни дела се „Партизански приказни“, „Калење“, „Ибе Паликуќа“, „Двајца другари“, „Сомневање“, „Лиман Каба“ и „Глувонемиот“. Од македонски на албански јазик го преведе делото „Везилка“ од Блаже Конески. Роден е во Дебар, на 18 јануари 1923 година.

Претходниот артикал,Брза географија-детска игра
Следната статијаБаба и внука

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука