ПРОИЗВОДСТВО НА СВИЛА

0
62

Производството на свила започнува 3.000 година пред нашата ера во Кина

 Во Европа тајната за производство на свилата била донесена од страна на агентите монаси на византискиот император Јустинијан I, од македонската династија.

Во Македонија свилата доаѓа уште во текот на VII век. Појасите на листопадното дрво црница, чиј лист се користи за исхрана на лаврите на свилената буба, овозможуваат производство на свила во Македонија.

Свиларство во Македонија се задржува и за време на Отоманската империја. Но, по угушувањето на Карпошовото востание во 1689 година, Македонците кои бегаат пред бесот на османлиите, преку Дунав го пренесуваат свиларскиот занает во Војводина.

 Најголем развој на свиларството во Македонија доживува во триесетите години на дваесетиот век. Во овој период, кожурците од Македонија се извозувале поради можноста за слободна трговија со свилата.

Пред Втората светска војна, во рамките на Кралството Југославија, во Србија и Македонија се произведувале повеќе од три милиони свилени чаури годишно. Но, во шеесетите години на минатиот век, производството на свила било прекинато.

Денес свиларството е изумрено во Македонија.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 11 ДЕКЕМВРИ
Следната статијаЛОКАЛИТЕТ-ТУМБА, МРАЛИНО

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука