НА ДЕНЕШЕН ДЕН-3 ЈУНИ

0
1069

*3 јуни 1967 година извршено е осветување на Црката Св.Цар Контантин и Св.Царица Елена во населба Илинден.Пред голем верници од Илинден и околината ,светиот чин го обави Поглаварот на МПЦ Г.Г. Доситеј со поголем број негови сослужители.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
DCIM\100MEDIA\DJI_0082.JPG

* 3 јуни 1974 г.  за прв пат започна  асфалтирање на улица 8 (порано Илинденска или „66“).Пред тоа улицата беше тешко проодна особено во зима(кал до колена).На неколку наврата пред тоа истата со доброволен прилог на населението истата беше посипувана со песок. (Фотографијата  е од нејзината реконструкција-2016г.)

* 3 јуни 1911 роден е – Благој Јанков – Мучето тој е македонски револуционер, шивачки работник, комунистички деец и народен херој. Го раководел штрајкот на струмичките шивачки работници (12–15. X  1936), по што заминал во Белград. Во 1936 година бил примен за член на КПЈ. По враќањето во Македонија бил член на МК на КПЈ во Струмица и член на привремениот ПК на КП во Македонија (од септември 1940). Како инструктор на ПК со седиште во Штип (октомври 1940 – август 1943), бил еден од организаторите на НОАВМ во Струмица, Скопје, Штип, Берово, Пехчево, Валандово и Радовиш. При една партиска провала во Штип (17. VIII 1943) бил ранет, а во друга провала во Струмица загинал во борба со бугарската полиција на 14 јули 1944г. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. X 1951)

*3 јуни 1931г. роден е АНТЕ ПОПОВСКИ , докажан поетски авторитет, кој уште со првите творечки обиди во раната младост го најави својот редок поетски талент, уникатен израз и лирски сензибилитет. Со текот на времето стана препознаен како врвна поетска вредност не само во македонски, туку и во европски рамки па и пошироко. Напиша бројни безвременски песни и стихови, кои допираат длабоко во душата и сетилата со напластената длабока филозофија и теми за размислување! Почина на  1 октомври 2003

* 3 јуни 1993г.– Владата на Република Македонија донесе одлука со која 18-ти август, денот на формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ во 1943 г.,да го прогласи за Ден на Армијата на Република Македонија.

* 3 јуни 2006.- Собранието на Црна Гора усвои одлука за прогласување независност на Република Црна Гора, според која Црна Гора е независна држава со целосен меѓународен правен субјективитет.

*3 јуни 2016г. Почина легендарниот боксер Мухамед Али (Касиус Клеј)Во својата кариера тој е единствен во историјата на боксот кој успејал три пати да ја освои титулата светски првак во тешка категорија.Во својата кариера има забележано 56 победи од кои 37 со нокаут.

Претходниот артикал,Свети Петар и Павле-Ајватовци
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-4 ЈУНИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука