– 3 март го прославуваме Светскиот ден на дивите животни и растенија.
–3 март 1915 година ,роден е Страшо Пинџур ,како Стархил Пинџур во кавадаречкото село Ваташа. По смртта на татко му, кој загинал во почетокот на Првата светска војна , во борбите кај Криволак.Студирал право во Белград се вклучил во револуционерното движење и во 1934 година се зачленил во КПЈ Активно се вклучил во НОБ . На 4 јануари 1943 г., во просториите на Скопскиот областен затвор, како последица на силните измачувања, умрел Страшо Пинџур. Истата вечер, неговото тело било однесено во непознат правец и закопано на тајно место, така што до ден-денес не се знае неговиот гроб. На тој начин се остварило претскажувањето од неговиот дневник, кој го водел во 1933г., каде тој запишал: „Јас ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае“.
–3 март 1822.- Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ
-3 март 1878 година родена е Јустинијана (Јанка) Каневчева ,македонска револуционерка и учителка, деец на Македонската револуционерна
– 3 март 1923 година извршен е Гарванскиот масакр е колеж извршен во радовишкото село Гарван од страна на воена единица на Кралството на СХС по наредба на жупанот на Брегалничкиот округ, Добрица Матковиќ како одмазда за смртта на колонистите во селото Кадрифаково, Свети-николско, убиени од четата на ВМРО предводена од Иван Јанев-Брло на 16 јануари 1923 година.Селото било гранатирано и биле застрелани без судење 29 селани, сите мажи, меѓу кои и три деца од 12 до 18 години. Дополнително, една 65-годишна старица од глетката на труповите од ужас починала на самото место.За настанот имало реакции не само кај домашната, туку и од европската демократска јавност.
–3 март 1924.- Продолжувајќи ги реформите во Турција, Кемал Ататурк го забрани султанатството и од земјата го протера некогашниот султан со семејство.
-3 март 1953.– Родена е во Скопје Јагода Михајловска – Георгиева, македонски раскажувач и есеист. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работела како новинар во неделникот „Пулс“ и во телевизија „Телма“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Објавени книги: „Мојата кожа“ (раскази, 1988), „Јас, момчето-молња“ (роман за деца и млади, 1989), „Огледала“ (есеи, 1994), „Игбал, мојата тајна“ (роман за деца и млади, 2000), „Индиго Бомбај“ (роман, 2008), „Дрско црвен кармин“ (раскази, 2012).
–3 март 1983.- Во Скопје умре Киро Чауле, македонски новинар, борец за национални и социјални права и учесник во НОВ на Македонија (беше командант на Осмата македонска НОУ бригада)
–3 март 2002.- Во Скопје, во Гинеколошката клиника, Лилјана Илиевска (на 32 години) од Вевчани, Струшко, донесувајќи на свет пет бебиња – три женски и две машки деца. Таткото на децата е Мишо Илиевски..
– 3 март 2016.- На 80-годишна возраст во Скопје починал академик Томе Серафимовски, познат македонски скулптор. Серафимовски создал над 550 скулптури во бронза, мермер, оникс и дрво. Реализирал и 40-тина споменици и спомен-обележја кои се наоѓаат на просторите на Република Македонија, на поранешна СФРЈ и во светот.