НА ДЕНЕШЕН ДЕН-5 АПРИЛ

0
166

5 април 1947 г. Во Стумица Роден е Благој Истатов — поранешен македонски фудбалер, кој играл на позицијата голман.Во текот на својата кариера настапувал за ФК Беласица, ФК Партизан и ФК Утрехт. Бил тренер на ФК Беласица и повеќе клубови во Македонија и тренер на голманите во македонскиот национален тим.Денеска, Истатов живее и работи во Дојран. Пред неколку години основал фудбалска школа во Дојран, а во 2010 година истото го сторил и во Струмица (Градско Балдовци). Школата на Истатов е под патронат на ФК Партизан и има потпишано долгогодишен договор за соработка во месец август 2010 годинa.Благој Истатов почина на 27 септември 2018 година

 -5 април 1904г. Македонија формално била ставена под меѓународен протекторат, при што била разделена на инспекциски региони, управувани од комесари-инспектори именувани од Големите сили, според следниот редослед: АвстроУнгарија — регионот на Скопје, Русија — регионот на Солун, Англија — регионот на Драма, Франција — регионот на Серес и Италија — регионот на Битола.Меѓутоа,всашност фактички господар на Македонија станал Хилми-паша, Османскиот генерален-инспектор на Македонија.

– 5 април 1901, во Добриниште, Банско, Пиринска Македонија е роден Иван Козарев Балкан. Прв партизан на Балканскиот полуостров е ИВАН КОЗАРЕВ – БАЛКАН, Македонец од Пиринска Македонија. На 27 јуни 1941 година , само пет дена по германскиот напад на СССР , Иван Козарев убива двајца бугарски фашисти во близина на неговото родно село Добриниште. Заради неговите активности Козарев постојано е следен и прогонуван, и повеќе пати е затваран од бугарските власти.Козарев го добива партизанското име Балкан. Бил прочуен како добар стрелец, и станал познат по својата ладнокрвност и храброст. Неговото име станало симбол на македонскиот отпор против фашизмот во Пиринска Македонија..Иван Козарев загинува ноќта на 31 март спрема 1 април, 1944 година, во близина на родното Добриниште, во неразјаснети околности.

 -5 април 1979 година К.К.„БОСНА“ стана европски првак,генерацијата предводена од Делибашиќ, Варајиќ, Радовановиќ, Пешиќ, Изиќ, а чиј кормилар од клупата беше феноменалниот стручњак Богдан Тањевиќ, го направи најголемиот успех на тогашната југословенска кошарка трасирајќи го патот кон подоцнежните успеси на Југопластика, Цибона, Партизан, кои во следните десетина години успеаја да го повторат нивниот успех.Неколку илјади навивачи им приредија фантастичен пречек на јунаците од таборот на Босна во центарот на Сараево, а успехот на кошаркарите на овој тим со одушевување беше поздравен низ цела тогашна СФРЈ, од Гевгелија, па сѐ до Марибор, односно од Вардар па до Триглав.Јунак на финалната средба бил Жарко Варајиќ, кој постигнал 45 поени, додека сега покојниот Мирза Делибашиќ, легендата на југословенската кошарка, реализирал 20 поени. Тренерот Тањевиќ и по четири децении од тие радосни моменти сѐ уште не може да зборува за тој успех без да му се насолзат очите.

-5 април 1987.- Во Скопје умре Калипсо Налча, прва жена – професионална артистка во Македонија. Родена е во Битола, во 1915 година.

Претходниот артикал,„ШКОДРЕВИ“-ИЛИНДЕН
Следната статијаСвадба на Војче и Вера-1978

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука