НА ДЕНЕШЕН ДЕН -8 Јануари

0
123

*8 јануари  1922 год. во Велес во сиромашно семејствороден е Благој Ѓорев. Како младинец го изучува чевларскиот занает а во напредното младинско движење се приклучува уште пред војната. Учествува во повеќе демонстрации и штрајкови во Велес против српската хегемностичка политика кон македонскиот народ.

Револуционерната активност, Благој ја продолжува и во текот на 1941 год. Во неговата куќа се собира расфрлано оружје од бившата југословенска војска, кое го носат членовите на движењето на отпорот. Во декември 1941 год., во неговата куќа на машина се отчукувале текстовите за бунтовниот весник „Народен билтен”. Меѓутоа, неговата активност била забележена од бугарската полиција. Откриен дека се занимава со револуционерна дејност против бугарската окупаторска власт, Благој Горев морал да се крие и иако полуилегален, тој и натаму ги вршел своите обврски. Сепак, заради интензивната потрага и негово следење и за да не им падне во рацете на Бугарите, во втората половина на септември 1942 год., Благој заминал во реорганизираниот партизански одред „Димитар Влахов”. Во одредот станал заменик политички комесар. По реорганизацијата на одредот на три чети, заради полесно движење и маневрирање на борците пред честите бугарски потери, во почетокот на ноември 1942 год., Благој Горев влегол во составот на Втората чета. Во својот борбен пат оваа чета минала низ повеќе населени места во околината на Велес. Минувајќи низ с. Ново Село, велешко, четата влегува во бугарска заседа и во меѓусебниот разменет огин со Бугарите, Ѓорев е погоден во престрелката загинувајќи на 1 ноември 1942 год. Така, падна овој македонски син за слободата на поробената татковина полагајќи го најсветото – својот живот.

*8 ЈАНУАРИ во 1943 година кај село Сливник, Велешко, е убиен (се самоубил)Трајко БОШКОВСКИ-Тарцан, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.  Имал една од најзначајните улоги во акцијата од 11 октомври 1941 г. со која започнала антиокупаторската и националноослободителна борба на македонскиот народ. Имено, тој бил политички комесар на Првиот прилепски партизански одред “Гоце Делчев” и ја предводел групата од Одредот која ја нападна полициската станица (учатокот) во градот. Од декември 1941 г. бил наименуван за член и инструктор на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а од април 1942 г. и за политички комесар на Покраинскиот оперативен штаб. Нешто подоцна, во септември 1942 г., ја извршувал и функцијата политички комесар на Велешкиот партизански одред “Димитар Влахов” Роден бил во селото Голем Радобил, Прилепско, на 12 јуни 1918 г.

* 8 јануари  1942 г.Родена е Валја Младенова Балканска, пејачка на народна  музика од Бугрија. Во нејзиниот репертоар, претставуван во целиот свет, влегуваат песни како “Шар Планина”, “Девојко, бално ли ти е”, “Триста са пушки пукнали”, “Хајдутине се молеха”, “А бре, јуначе лудо и младо”, “Горо ле, горо зелена”, “Мајчинко, стара мајчинко”. Нејзината најпозната изведба на песната „Излегол е Делјо хајдутин“ е повод за национална радост во Бугрија, откако во 1977  година нејзин запис е вклучен во Златната плоча, испратена во вселената со двата американски вселенски брода „Војаџер3, кои во 2004 година ги напуштиле пределите на Сончевиот систем.

* 8 јануари 1951.- Во Софија умре Војдан Поп Георгиев – Чернодрински, македонски патриот, револуционер, писател, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар. Тој ги напиша првите страници на македонската драмска литература и ги удри темелите на македонското театарско дело. Сето тоа го стори во името на слободата на македонскиот народ. Делата на Чернодрински се непосредно инспирирани од македонското револуционерно минато. Негово најпознато дело е драмата “Македонска крвава свадба”, што ја напиша во 1900 година, а премиерата е одржана во Софија, на 20 ноември 1900 година. Чернодрински потекнува од свештеничко семејство. Учеше во егзархиското училиште “Свети Климент” во Охрид, а потоа образованието го продолжи во Солун. Во 1897 година беше учител во битолското село Могила, а потоа замина да студира во Грац и во Берн, во Швајцарија. Во 1900 година семејството на Чернодрински се пресели во Софија. Роден е во селото Селци, Дебарско, на 15 јануари 1875 година.

* 8 јануари 1991.- Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили.

* 8 јануари 2017 г.починал Проф.Др.Дарко Гашпаровиќ ,еден од најголемите хрватски проучувачи и истражавувачи на Македонската култура и уметност.Посебно е значајна неговата книга „Писмо низ вековите“,во која тој прави пресек на Кирило-Методиевската традиција преку светите Климент и Наум.Познати се и неговите стручни погледи и студии за водечките преставници на македонскиот театар:Коле Чашуле,Живко Чинго,Јордан Плевнаш,Слободан Унковски,Владо Цветановски,Дејан Пројковски и други.

Претходниот артикал,Собор на Пресвета Богородица
Следната статијаЗаписник од натпреварот ФК Единство-ФК Илинден-1979

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука