-20 март 1905 година, во голема битка со голем турскиот аскер, кај селото Дрен, Прилепско, загинале битолскиот војвода Петре Георгиев – Железарот и секретарот во четатата на Крсте Гермов – Шакир, Георги Воденчето, како и двајца жители на селото Дрен. Митко Касапчето бил ранет и одвлечен од комитите кои успеале да преминат во Мариово и да се спасат. Убиените борци за слободата на Македонија, биле погребани во гробиштата на селото Дрен, во кругот на црквата „Св. Никола“.
-20 март 1898.- Во селото Ѓувљанци, Кукушко, каде што беа откриени осум души од Кукушката чета, во тричасовна борба против турската војска загина еден четник, како и неколкумина војници. Тоа беше единствен судир со турската војска што се случи две години од појавувањето на првите агитационо-организаторски чети во Македонија.
-20 март (стар стил) 1915 година извршен е напад на железничката пруга кај Удово.Како геостратегиски најважно подрачје за изведување на вооружените акции, било оценето дека бил просторот во близината на Валандово, кое се наоѓало најблиску до тогашната српско-бугарска граница. Нападот го извршиле комитските чети на ВМРО под водство на војводите: Ване Стојанов, Петар Чаулев, Љубомир Весов, Панајот Карамфилов, Тодор Петров, Никола Лефтеров, Туше Скачков, Христо Делчев и други, а според овие податоци, нивниот број за време на нападот кај Валандово и Удово изнесувал околу 400 души четници и 600 души селска милиција или вкупно околу 1.507 души, кон нив се приклучила и една турска чета, на чело со Хусеин Хаки бег. Во судирот загинале 40 комитски и турски четници и милиционери, од другата страна, 470 српски војници и офицери 7 загинале, 353 војници и офицери 8 биле заробени.За возврат на овој напад, во Валандовско српските власти започнале системски терор над локалното македонско и турското население – стотици луѓе биле уапсени и мачени. Како резултат на акцијата на ВМРО над 6.000 бегалци се упатиле кон Бугарија.
-20 март 1928 година Д-р Драгутин Ѓорѓевиќ го отворил првиот болнички стационар во Кавадарци. Првата болница се наоѓала на десната страна на река Луда Мара, веднаш до мостот. Во стационарот имало три соби со десетина кревети. Во неа биле сместувани болни од градот и селата од општина Кавадарци. Стационарот имал и болничар, а тоа бил Цандо Гурев, кој се смета за прв болничар во Кавадарци. Овој стационар работел до почетокот на Втората светска војна, кога д-р Ѓорѓевиќ бил принуден од страна на бугарските власти да го напушти градот.
-20 март 1934.- Во Софија умре Ѓакон Евстати, македонски револуционер. Покрај другото, водеше борба против великогрчките, великобугарските и великосрпските чети во Македонија. Роден е во селото Нестрам, Костурско, во 1873 година.

-20 март 1980.- Во Скопје умре Волче Наумчески, македонски писател. По Втората светска војна објави голем број стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат “Поема за злото”, “Пролетни желби”, “Виорно време”, “Седумдесет цветови” и други. Роден е во Прилеп, на 31 јануари 1916 година.

-2о март 1991 По одржаните повеќепартиски избори во Република Македонија, во Скопје е формирана првата Влада на Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев.

-2о март 1992 Во Скопје е
формиран Македонскиот олимписки комитет (MOK). За претседател е избран Васил
Тупурковски.
-20 март 1996 Во Скопје е
основана Секцијата за македонско-американско пријателство.
-20 март 1996.- Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство.

-20 март 1996.- Во Скопје, во издание на приватното претпријатие „Круг“, излезе првиот број на дневниот весник „Дневник“.