На денешен ден-28 Октомври

0
611

* 28 октомври 2006.- На 74-годишна возраст почина еден од последните доајени на македонската народна музика Наско Џорлев. Со неговата хармоника зад себе има оставено стотици песни како “Не кажувај либе добра ноќ”, “Во Стумица на улица”, “Фато мори душманке”, “Кажи, кажи облаче ле бело”, “Дедо мили златни” и многу други. Од неговата школа “Оркестарот на Наско Џорлев” излегоа плејада пејачи и музичари, како што се Петранка Костадинова, Виолета Митева, Уснија Реџепова, Фесур Мустафов и многу, многу други.

*28 октомври1873.- Во Штип е роден Мише Развигоров, македонски народен учител и член на Скопскиот окружен комитет на ВМРО. Во Штип, откако беше предаден заедно со неколкумина македонски соборци, во борба против турската војска загина (изгоре или се самоуби) на 2 април 1907 година.

*28 октомври1869.- Во Охрид е роден Стефан Јакимов Дедов, македонски деец, основач на македонскиот клуб со читалиште во Белград, издавач на неговиот орган „Балкански гласник“ и во Софија на весниците „Балкан“ и „Курир“, член на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург и коавтор, заедно со Мишајков, на Меморандумот до руската влада, прва македонска националноослободителна програма. Умре во Софија, на 19 септември 1914 година.

*28 Октомври 1912 – По ослободувањето на Мелник и околијата и по воспоставувањето на месната народна власт, во која покрај македонската имало припадници и на влашката, на грчката и на други народности, Сандански формирал одред од 300 души и, заедно со војводите Стоју Хаџиев, Димитар Арнаудов, Ѓорѓи Казепов, Крсто Чапрашиков, Иван Чонтев и четата на А. Бујнов кој останал на лекување во Неврокоп, на маски и на коњи тргнале за Солун.Одредот од 300 Македонци предводен од Сандански, заедно со бугарската коњаничка група на мајорот Цонев, на 28 октомври влегол во Солун.

*28 октомври1947.- Во Скопје, во киното “Култура”, филмските работници на Македонија го организираа првиот филмски преглед. Во него е прикажан секојдневниот живот во Републиката, активностите на градежништвото, прославата на 9 Септември во Пиринска Македонија и бербата на памукот во Струмичко. Сниматели беа Трајче Попов и Благоја Дрнков.

* 28 октомври 1988г.  формирана е  навивачката група ВОЈВОДИ. Војводи се симболот и браникот на Македонците во Тетово!

* 28 октомври 1990.- Работниците од „Рудпроект“ од Скопје го минираа првиот фабрички оџак во Скопје, кој беше симбол на првата фабрика за преработка на зеленчук, „Мичурин“, изграден уште во триесеттите години на 20. век.

* 28 октомври1992.- Во Собранието на Република Македонија, пратениците го изгласаа Законот за државјанство. Услов за добивање на државјанство е 15-годишен престој.

Претходниот артикал,Гордан Стојановски-таеквондо борец
Следната статија„АЏИЕВЦИ“- Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука