Теа Божиновска-фудбал,родена и живее во Миладиновци-Илинден.
Денес членка на ЖФК Скопје
Теа започна да се занимава со фудбал од нејзината 10 годишна возраст,нејзината сестра била голман, па тоа дополнително влијаело таа да се определи за овој спорт. Најголема мотивација и е нејзиното семејство, кое секогаш ја подржува во она што го прави. Нејзините почетоци се во женската фудбалска екипа на ОУ,, Браќа Миладиновци”.Најголема заслуга за она што е Теа денес ја има нејзиниот наставник по физичко Дејан Димитриевиќ.Тој ја повикал да се приклучи во екипата на основното училиште, каде со него Теа има бројни успеси, меѓу кои 5 пати прваци на град Скопје и 3 пати освоено 3-то место во државно натпреварување.

Потоа, на 13 години таа се приклучила на женската фудбалска школа Џи-Џи,предводена од Снежана Трпевска.За една ипол година од постоење на клубот, тие успеале да обезбедат пласман во младинските полуфинални натпреварувања. Во текот на таа година Теа добива покана за собир на женската Македонска Репрезентација до 15 години и до 17 години. Беше дел од развојниот турнир во Црна Гора(со репрезентацијата до 15 години) и развојниот турнир во Босна И Херцеговина(со репрезентацијата до 17 години).Исто така играше и за квалификациите за Европско Првенство против екипите на Франција, Унгарија и Босна И Херцеговина.

Потоа се приклучи во тимот на ЖФК Тиверија од Струмица, две сезони настапуваше за првиот тим на Тиверија.
Нејзиниот идол е Џеси Лингард од Манчестер Јунајтед, екипа за која навива одсекогаш. Нејзината цел е да успее во фудбалот и да склучи интернационален договор.
Од сезона 2020/2021г. Теа настапува за ЖФК Скопје кој се натпреварува во Прва Женска Фудбалска Лига на Македонија и досега 4 пати беше шампион на Македонија.
Самото тоа говори за напорната работа и трудот вложен и од играчите но и од тренерите и целиот стручен штаб.
Годинава Теа очекуванејзиниот клуб да биде исто така меѓу првите на табелата, а зошто да не и први. Исто така таа е и член на репрезентацијата на Македонија до 19 години.
На меѓународниот турнир во Бугарија,нејзиниот тим го освои второ место.
На 17 октомври Tea како член на Македонската репрезентација ќе замине за Белорусија каде ќе се одржат квалификациите за европско првенство.
Исто така покрај фудбалот Теа оваа година учевствуваше на женската трка на Авицена на 3км. , каде го освои првото место во категорија до 18 години.
Се надева на уште поголеми успеси, како со ЖФК Скопје така и со репрезентацијата на Македонија
Населба Илинден на Теа Божиновска и посакува успешна фудбалска кариера и да и се оствари нејзината цел.