НА ДЕНЕШЕН ДЕН-5ЈУНИ

0
82

* 5 јуни е Светски ден на животната средина

* 5 јуни 1944.- Кај селото Кушкулија, Струмичко,загина Панче Пешев беше  заменик-командант на Вториот баталјон на Третата македонска НОУ бригада, учествувајќи во борбите против бугарите, Панче беше македонски композитор и хороводител. Покрај другото, автор е на најубавата и најпопуларна македонска борбена песна од НОВ, Марш на Третата македонска бригада „Ко челик сме ние“, за кој стиховите ги напиша писателот Ацо Шопов, борец во истата бригада. Роден е во Велес, во 1915 година

*5 јуни 1964 г. Радио Телевизија Скопје(денес МРТ)го изврши првиот директен телевизиски пренос ,користејќи го репититорот ЦРН ВРВ кај Катланово.

*5 јуни 1988г. Во Скопје почина Драга Чаловска ,доаен на македонското новинарство,учесник во НОБ и еден е од основачите на Радио Скопје ,родена е на 13 октомври 1923г. во Битола.

* 5 јуни 1992 година формирана е Лекарската комора на Македонија

* 5 јуни 2001 на патот Шипковица – Гајре, во заседа загинуваат 5 припадници на АРМ. Загинаа:
– КОЉО КИТАНОВ († 19) од струмичкото село Сарај
– ИСАК РУФАТИ († 42) од тетовското село Одри
– БЛАГОЈЧЕ СИЛЈАНОВСКИ († 32) од Битола
– ВЛАТКО МИЛЕНКОВСКИ († 29) од Битола
– ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ († 22) од селото Новаци, Битолско

* 5 јуни 2019 пуштен е во употреба новиот автопат Миладиновци – Штип, прв во источниот дел на државата. Со новата автопатската делница Миладиновци –Штип и  вкрстувањето  на меѓународниот автопат Е-65(коридор 8) и меѓународниот автопат Е-75(коридор 10),Миладиновци станува централна балканска расрсница,затоашто овие  два коридори се „сечат“во  Миладиновци..

Претходниот артикал,Вечерен поглед од Плац
Следната статијаСТОЈАНЧЕ НИКОЛОВСКИ –ФОЛКЛОРИСТ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука