СТОЛЕ КОЏАК , како што е познат во јавноста роден е на 7 септември 1958 година во Илинден, каде и денес живее, потекнува од староседелскиот род Аџиевци.
Столе Коџак,речиси пола век слободното време го живее во ритам на тапанот,со македонски песни и игри.
Со фолклор започна да се занимава уште во најраните школски години во училишната фолклорна секција од која произлезе играорна група во 1972 година .
Истата фолклорна група за некоја година подоцно званично прерасна во КУД Илинден,а нашиот КОЏАК од тогаш пак се до денес се дружи со фолклрот.

Коџак припаѓа на првата генерација од машката фолклорна група во КУД Илинден во на славно време кое беше едно од попознатите друштва во Скопје и пошироко .
Зад него останаа многу успешни настапи,приредби,смотри и други настапи кај нас и пошироко во поранешна СФРЈ и странство.
Иако е веќе на 62 годишна возраст, Коџак сеуште се дружи со фолклорот денес во АНПИ Илинден од населба Илинден ,наследник на поранешното КУД Илинден.

Од самото формирање на АНПИ Илинден до денес Столе го пренесува своето познавање од фолклорот на младите членови на друштвото и со тапанот дава ритам на играорците.

На Столе му посакуваме добро здравје и уште долго да го пренесува своето фолклорно познавање на помладите фолклористи.