–5 мај 1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе – Мајски, учесник во НОВ на Македонија, член на ГШ на НОВ и ПОМ и командант на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ, член на Президиумот на АСНОM и друго.

Носител на партизанска споменица ,но ја подржувал идејата за обединета Македoнија ,поради што е отстранет од Македонија и во 1946 избран за судија на врховниот суд на Југослaвија.По Информбирото во 1950г. без судска одлука е испратен на Голи Оток. Умре во Охрид, на 12 јануари 1980 година.
– 5 мај 1881 година во Кавадарци е роден Милан Поп Михајлов, учител и револуционер од времето на Илинденското востание. Завршил основно училиште во Кавадарци а духовна семинарија во Цариград. Работи како учител во Кавадарци и други места во Тиквешко. Бил раководител на Тиквешкиот револуционерен округ во 1902 и 1903 година. Користејќи ги врските со ерменските револуционери успеал да набави многу оружје и експлозив за потребите на Организацијата во Кавадарци. Загинал при изработка на експлозивна направа на 23 август 1903 година.

-5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик. Овие два датуми не се внесени во календарот за празници на Собранието на Република Македонија.
-5 мај 1948.- Една грчка вооружена терористичка банда го нападнала селото Шестеово, Костурско, ја заклала Тана Георгиева, ѕверски претепала повеќе жени, изврши грабеж, го истерала населението од селото и запалила повеќе куќи. Оттогаш убавото македонско село Шестеово, како и многу други, станало пусто.
–5 мај 1993.- Република Турција и Република Македонија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. За прв амбасадор на Република Турција во Република Македонија е назначен Суха Нојан.
–5 мај 2014.- По долго боледување во Скопје почина писателот Науме Радически. Својот работен век го помина како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија беше од 1984 година. Науме Радически како поет, критичар, есеист и научен работник остави забележлива трага во развојните процеси на македонската литература. Објавил повеќе поетски книги, меѓу кои „Постоења и мотиви“, „Светол тажен вик“ и „Преображение човеково“. Автор е и на критичко-есеистичките и научни книги „Релации и континуитет“, „Метаморфоза“ и „Време без збор“. Добитник е на наградата на ДПМ „Димитар Митрев“ за критика есеистика. Науме Радически е роден на 18 мај 1953 година во селото Мешеишта, Охридско.
–5 мај 2015.- На 67-годишна возраст почина Љубомир Демирев – Демо, еден од доајените на македонското новинарство. Целиот свој работен век го помина во Македонската радио-телевизија, како новинар и уредник на Информативната програма. Ќе остане запаметен во македонската јавност, како известувач и уредник за настаните, врзани со процесите на македонската независност. Демирев беше автор на повеќе документарни филмови.

5 мај 2019 година на 94-годишна возраст почина Ефтим Гашев, познат македонски публицист и пистаел, доследен поборник за независна обединета македонска држава и жесток противник на шовинизмите кон Македонците од соседните држави и на комунизмот. Ефтим Гашев, е еден од оние Македонци кои во перидоот на комунизмот се затворени и прогонувани од тогашните тајни служби и се судени за идеите за обединета Македонија.Гашев е роден во Скопје во 1925 година. Образованието го завршил во родниот град. Тој е еден е од членовите на Македонско национално движење – „Бунт“ организација основана во Скопје, на 30 мај 1938 година. Во 1945 година бил осуден на 12 години робија како македонист. Објавил затворски мемоари и три книги со афоризми. Напишал и неколку необјавени монодрами. Добитник е на неколку награди за афоризам. Објавувал и дневнополитички карикатури. Член е на Друштвото на писатели на Македонија. Тој е автор на книгите: „Сончогледи“, „Нашата кауза“, „Непокор“, „Аритмија“ и др










































