ЦРКВА СВЕТИ ДИМИТРИЈА-ВЕЛЕС

0
61

 Црквата се наоѓала закопана  под земја преку 4,5 векови.

Легендата говори дека ја закопале старите велешани плашејќи се од турската наезда, од освојувачот, кој се ширел по Балканот и ги уништувал објектите на месното население, посебно храмовите.

Времето минувало и на црквата се заборавило. Само тајната била пренесувана од колено на колено во семејството на воденичарот, чија воденица била во близина на закопаниот манастир.

Така било до првите децении на 19-от век, кога велешани добиле дозвола за ископувањето на црквата велешаните веројатно добро ја “подмачкале“ бидејќи е познато дека трговецот Хаџи Оце за вадењето на ферманот за изградбата на црквата “Свети Спас“ потрошил 36 илјади гроша.

По точно 467 години се појавила целата со олтарот на исток, со лице кон градот, кон Велес. Бидејќи била изградена со врела вар (ќемер), а без штици и диреци останала добро сочувана.

Откопаната манастирска црква била гордост на граѓаните. Затоа сакале да ја дотераат, да им биде поубава. Покрај изградбата на манастирските конаци го задолжиле својот најдобар зограф да го изработи фрескоживописот во црквата.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -19 МАРТ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-20 МАРТ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука