*7 јуни 1987, македонската фудбалска гордост Вардар исчекори кон заслужената прва шампионска титула во тогашната СФРЈ, која неколку месеци подоцна незаслужено им беше одземена и доделена кај белградски Партизан. Вардар со 2-0 ја победи Риека во претпоследното коло, а една недела потоа и се круниса за шампион. Но по месец и пол белградскиот суд реши да им ја одземе титулата од црвено-црните, откако ги поништи одлуките на тогашниот Фудбалски сојуз на Југославија, клубовите да стартуваат со минус шест бода во сезоната.
Светскиот фудбал не памети кога виновникот е награден, како во случајот со одземената круна со судска одлука на белградскиот суд, иако Вардар со настапот и титулата го обезбеди местото во елитата – Купот на европските шампиони. Признанието за титулата сепак стигна од УЕФА, Вардар учествуваше во Купот на европските шампиони, како доволна награда за еден од најсветлите моменти во историјата на црвено-црните.

* 7 јуни 1877. Роден е Петар Ацев, македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Роден бил во селото Ореовец, прилепско. На Смилевскиот конгрес, тој бил еден од главните противници за кревање на востанието. По завршувањето на Илинденското востание бил избран за нелегален член на окружниот комитет. Водел неколку борби со отомански сили и со четите на српската и грчката пропаганда во Македонија. Во 1907 година учествувал во битката на Ножот. На Ќустендилскиот конгрес Петар Ацев бил избран за дополнителен член на ЦК. По Младотурската револуција излегол од илегала и се населил во Прилеп. Две години подоцна е уапсен и 15 месеци е носен низ разни затвори низ Македонија и Мала Азија. Бил ослободен во средината на 1911 година по што се населил во Пловдив, Бугарија. Учествувал како доброволец во Балканските војни, а потоа и во Првата светска војна. Петар Ацев учествувал во Привременото претставништво на поранешната ВМРО, а подоцна е член на Илинденската организација. Ранет е во текот на Горноџумајските случувања во септември 1924 година. Починал во Пловдив во 1939 година.

*7 јуни 1943г. убиен е Блажо Тодоровски -Чичето, учесник во НОБ.Потекнува од сиромашно селско семејство. Се приклучил на комунистичкото движење и зел активно учество на изборите во 1938 година, агитирајќи за опозицијата. Веднаш по окупацијата на Југославија се поврзува со партијната организација во Кавадаречко и во летото на 1941 година става член на КПЈ. Во декември 1942 година ги прима партизаните од разбиениот Велешки одред, а во април 1943 самиот им се приклучил на партизанските групи кај Полошкиот манастир, од кои е формиран Тиквешкиот одред „Таки Дскалот“. Избран е за негов заменик-командант. Се истакнал во борбите кај селата Ресава, Гарниково, Бојанчиште и Драдња. На 7 јуни 1943 ударна група начело со Чичето извршува напад на стационираните бугарски сили во село Никодим, нанесувајќи му тешки загуби на бугарскиот окупатор. Во жестоките престрелки Блажо Тодоровски е тешко ранет па останува отсечен, но и во таква состојба продолжува да дава жесток отпор. Кога муницијата му привршува, извршува самоубиство, не дозволувајќи да биде фатен жив. . Прогласен посмртно за народен херој јна 11 октомври 1953 година.

* 7 јуни 1928.- Убиен бил Алаксандар Протогеров, политичар, генерал и раководител на Внатрешната македонска револуционеерна организација. Учествувал како доброволец во Српско-бугарската војна. Бил член на Македонскиот комитет, војвода во Горноџумајското и Илинденското востание. Бил резервен член на Централниот комитет на ВМРО, претседаел на Извршниот комитет на Македонските добротворни братства во Бугарија. Во Балканските војни бил член на Штабот на Македонско одринското ополчение, а во времето на бугарската окупација во Првата светска војна бил заменик началник на Мкедонската воено-инспекциска област и командант на Моравската воено-инспекциска област, произведен во генерал-лајтнант на бугарската армија. По војната со Тодор Александров и Петр Чулев ја основал ВМРО. Бил потписник на Мајскиот манифест. По расколог во ВМРО бил во Софија од страна на Михајловистите.

* 7 јуни 1943 година започна Јунската офанзива на бугарите во Тиквешијата. Во ова фанзивата беа вклучени 12.000 бугарски војници, полицајци и контрачетници, а целта беше да се уништат партизанските одреди “Добри Даскалов“ и “Сава Михајлов“.

* 7 јуни 1945.– Со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија е озаконет Правописот на македонскиот јазик, чиј дефинитивен текст беше усвоен пет дена порано. Утврдувањето и озаконувањето на Македонскиот правопис преставуваше израз на континуираната борба на македонскиот народ за свој литературен јазик и правопис, кој во понатамошните години се надградуваше со нови содржини
* 7 јуни 1991.– Со одлуката на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, одредницата „Социјалистичка“ од името на СР Македонија е изоставена и Републиката го носи називот Република Македонија.










































