* 7 ноември 1945г отворено е прво училиште на мајчин јазик во с.Миладиновци.Први учители за изведување настава на македонски јазик биле учителите: 1.Трифун Живков од село Стапар Апатин –Војводина,стар 34 години со средно образование и .2. Стојка Маткова , од Ново Село –Штип,на возраст од 42 години со ниже образование.Од 7до 22 ноември траел уписот на ученици ,а редовната настава започнала на 23 ноември 1945г.

* 7 ноември1829.- Во Прилеп е роден Марко Цепенков, еден од најистакнатите собирачи на македонскиот фолклор. Неговата автобиографија претставува богат избор за проучување на целокупниот живот на Прилеп од тоа време. Творештвото на Цепенков е собрано во десет книги. Умре во Софија, на 29 декември 1920 година.
* 7 ноември1888.- Во Штип е роден Панчо Михајлов, македонски револуционер, војвода, новинар и поет, книжевник и фолклорист. Убиен е во Софија на 14 јуни 1925 година.
* 7 ноември 1913г. ,стотина семејства од Скопје го известиле српскиот Владиката Викентиј,дека повеќе нема да примаат српски попови бидејќи преминале во унијатство на Римокатоличката црква.

* 7 ноември 1944.- Ослободени се градовите Охрид и Гевгелија.На фотографијата Киро Пирузе-Мајски држи говор пред охриѓани.
* 7 ноември1944.- Во Битола излезе првиот број на списанието за жени „Македонка“, орган на Антифашистичкиот фронт на жените на Македонија. Од 1953 година излегуваше под наслов „Просветена жена“, а од 1991 година како месечна ревија под имено „Жена“.
* 7 ноември1945.- Во Скопје излезе првиот број на „Пионерски весник“, весник на Главниот одбор на НОМСМ. Редактор на весникот беше Јонче Јосифовски.

* 7 ноември1946.- Заврши првата сојузна работна акција на тогашна Југославија, на железничката пруга Брчко – Бановиќи. Со околу 70.000 учесници од целата земја и 2.000 од странство беше изградена за 190 дена пругата долга 90 километри.


* 7 ноември1947.- Во Горна Џумаја (денешен Благоевград) со изведувањето на пиесата „Печалбари“ од македонскиот писател Антон Панов официјало ја започна својата дејност Обласниот македонски народен театар. Тоа беше прв македонски професионален драмски ансамбл не само во споменатиот град, туку и во Пиринска Македонија. Театарот работеше на македонски литературен јазик.
* 7 ноември1995.- Во хотелот “Мармора” во Истанбул беше потпишан Договор за формирање Мешовит македонско-турски деловен совет. Советот е формиран со цел да ги разрешува сите пречки во трговската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција.

*7 ноември 2004 година по иницијатива на тогашната опозиција (ВМРО-ДПМНЕ И КООЛИЦИЈАТА) се одржа референдум на кои гласачите се изјаснуваа за новата територијална поделба на Македонија. Спротивно од опозицијата, власта (СДСМ И КООЛИЦИЈАТА)беше против овој референдум и го повика населението да го бојкотира истиот.Од вкупно запишани 1.709,536 гласачи ,гласаа 454,347 гласачи или 26,58% од запишаните гласачи ,од кои 449,324 беа важечки ,5,023 неважечки.Од важечките „за“беа 427,112 или 95% , а против гласаа 22.212 или 4,94% Според законските прописи референдумот на државно ниво беше неуспешен.
Општина „Илинден“ беше меѓу малкуте општини каде што референдумот беше успешен,на гласање излегоа 6.519 гласачи (51,77%) од вкупно запишаните гласачи , а дури 6.184 (97,3%)гласачи се изјаснија против законот за новата теиторијална поделба, само 298 гласачи (2,37%) гласале за донесување на законот.









































