НА ДЕНЕШЕН ДЕН- 7 СЕПТЕМВРИ
* 7 септември 1943 загинал Јосиф Јосифовски –Свештарот, македонски деец и народен херој. Како студент на Правниот факултет во Белград станал член на КПЈ (1937). По дипломирањето (1940) бил адвокатски приправник во Струмица и инструктор на ПК на КП во Македонија (1941). Познат под псевдонимот Ѓорче Свештарот, тој во Народно ослободителната и антифашистичка војна во Македонија НОАВМ дејствувал, главно, во Преспа и во другите реони под италијанско-албанска окупација. Бил уапсен од италијанската полиција (1942), но успеал да избега. Бил политички комесар на НОПО “Даме Груев“, на првиот НО баталјон “Мирче Ацев“ и на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ. Загинал во борба со германските сили и балистите. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. X 1951). Опеан и во неколку народни песни.

*7 септември 1913 г .започнало Охридското востание. Имено, на петти септември, попладне, во Долен Дебар, синот на еден албански првенец Селман Али при една расправија во еден дуќан бил убиен од група српски војници и офицери. До вечерта веста за убиството на младиот Албанец се раширила по целата околија, а таткото на убиениот, Селман Ага во момент на очај и во желба за одмазда набргу собрал околу 300 души од своите приврзаници и на седми септември го нападнал дебарскиот одред од 200 српски војници со што започнало востанието.

Репресиите кои ги правеле српските окупаторски војски врз месното население од македонска, албанско, турска и друга националност, секако дека било исто така причина за ова востание. Имено Петар Чаулев во едно интервју за софискиот весник „Камбана“ ќе каже: „Причините за востанието се безброј, Србите се модерни варвари во Македонија. Затворањето и тепањето се најобично нешто. Честа, животот и имотот на народот се во нивни раце. Токму тоа е и причината за идејата да се дигне заедничко востание против српските поробувачи.“.
*7 Септември е светски ден на чистиот воздух.


*7 Септември 1944 година единиците на Деветата македонска бригада го ослободија Кавадарци.Тој убав есенски ден , кој долго време бил очекуван од кавадарчани бил организиран митинг на кој говореле Најдо Стаменин-Орлов, командант на бригадата и Ристо Сtојанов-Железни, политички комесар. Долго очекуваната слобода е многу скапо платена. Во текот на војната загинале 333 борци и жртви на фашистичкиот терор од општина Кавадарци, а тројца од нив се прогласени за народни херои.Моштите на загинатите и борците се наоѓаат во Спомен костурницата во Градскиот парк.Вечна слава ним и на сите кои дале придонес за слободување на Кавадарци.
*7 Септември 1944 – Во Лисиче, Велешко, беше формирана 42. дивизија на НОВЈ (Македонска), составена од Третата, Осмата и Дванаесеттата македонска НО бригада. При формирањето броеше 1,300, а набрзо потоа 4,136 борци. Раководители: командант Коста Јашмаков-Јашмак, политички комесар Боро Чаушев-Странџата.

* 7 септември 1965г.роден е еден од најистакнатите фудбалери на Македонија Дарко Панчев,член на скопски ВРДАР,белградска Црвена Звезда,италијанскиот Интер ,носител на златна копачка на Европа ,за најдобар голгетер .Прогласен за фудбалер на 20 век во Македонија.Денес ја обавува функцијата Директор на ФК Вардар.
* 7 септември 1989.- Во Скопје умре Борис Атков, македонски борец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939) и учесник на Првото заседание на АСНОМ. Голем е неговиот придонес во развојот на културата и филмот во Македонија. Роден е во Скопје, во 1904 година.
* 7 септември 1992.- Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји.
* 7 септември 1993.- Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје-Софија.
* 7 септември 1997.- Во Скопје е отворен првиот Мекдоналдс ресторан во Македонија (во светот има повеќе од 20.000 Мекдоналдс ресторани).