Планински врв Љуботен

0
48

  Планински врв Љуботен висок 2498 метри, прв на главното било и срт на Шар Планина. Иако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка, и еден од најубавите врвови на Шара. Поради својот облик на пирамида, и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се искористени многу епитети – тој е моќен, грамаден, величествен, импресивен, кршен, горд, волшебен… Ова доволно зборува за него.

Од исток и југ тој е богат со шума, а над самиот шумски појас од двете негови страни се простираат големи пасишта. На југозападната страна, веднаш под врвот, се наоѓа најголемиот каменест варовнички сипар во Македонија и пошироко, кој популарно е наречен Козја Карпа. Од Љуботенскиот масив се формираат неколку реки: Јажиначка, Страшка, Глобочичка, Љуботенска, Мала Река, итн.

Претходниот артикал,На денешен ден -8 април
Следната статијаСв. Лидија Македонка

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука