–8 февруари 1984.- Во Сараево се отворени 14. зимски Олимписки игри, први во СФРЈ, на кои учествуваа спортисти од 49 држави.
-8 февруари 2015.- Почина познатиот новинар и радио водител Стојан Тренчевски, основач и претседател на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“. Тренчевски е мошне познат новинар и хроничар со богат век, кого го нарекуваа „син на Мајка Тереза“. Животната и професионалната биографија на Тренчевски е ретка и неповторлива. Неговото име е синоним на новинар и радио водител кој целиот свој работен век го посветил на следење на историските настани и личности од денешницата. Меѓу другото, го следеше ликот и делото на Мајка Тереза, соработуваше со Тоше Проески, а остави печат по преносот што на Македонско радио го изврши на денот на осамостојувањето на Македонија. Напишаните 20-тина книги, стотици радио репортажи, филмови, интервјуа, фељтони, разговори, тоа се незаборав и времеплов, негов прилог за богатството на македонската журналистика. Книгите „Нашата мајка“, „Скопјанката Мајка Тереза“.
-8 февруари 1922 год. во Велес во сиромашно семејство,роден е Благој Ѓорев.Како младинец го изучува чевларскиот занает а во напредното младинско движење се приклучува уште пред војната. Учествува во повеќе демонстрации и штрајкови во Велес против српската хегемностичка политика кон македонскиот народ.
Револуционерната активност, Благој ја продолжува и во текот на 1941 год. Во неговата куќа се собира расфрлано оружје од бившата југословенска војска, кое го носат членовите на движењето на отпорот. Во декември 1941 год., во неговата куќа на машина се отчукувале текстовите за бунтовниот весник „Народен билтен”. Меѓутоа, неговата активност била забележена од бугарската полиција. Откриен дека се занимава со револуционерна дејност против бугарската окупаторска власт, Благој Горев морал да се крие и иако полуилегален, тој и натаму ги вршел своите обврски. Сепак, заради интензивната потрага и негово следење и за да не им падне во рацете на Бугарите, во втората половина на септември 1942 год., Благој заминал во реорганизираниот партизански одред „Димитар Влахов”. Во одредот станал заменик политички комесар. По реорганизацијата на одредот на три чети, заради полесно движење и маневрирање на борците пред честите бугарски потери, во почетокот на ноември 1942 год., Благој Горев влегол во составот на Втората чета. Во својот борбен пат оваа чета минала низ повеќе населени места во околината на Велес. Минувајќи низ с. Ново Село, велешко, четата влегува во бугарска заседа и во меѓусебниот разменет огин со Бугарите, Ѓорев е погоден во престрелката загинувајќи на 1 ноември 1942 год. Така, падна овој македонски син за слободата на поробената татковина.
–8 февруари 1996.- Република Аргентина ја призна Република Македонија.
–8 февруари 1998.- Во Њујорк умре Ото Ташковиќ, македонски и светски признат архитект. Роден е во Скопје, во 1933 година.
–8 февруари 1999.- Република Македонија и Република Кина Тајван воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.