НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 8 СЕПТЕМВРИ

0
216

НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 8 СЕПТЕМВРИ

* 8 септември 1991.- Во Република Македонија се одржа Референдум на кој граѓаните со право на глас се изјаснуваа на прашањето: Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија. На Референдумот учествува 1,2 милиони наши сонародници, а според резултатите кои беа објавени речиси стопроцентно беше поддржана самостојноста на Македонија. Според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегоа 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со право на глас. Од нив 95,09 отсто гласаа ЗА самостојна и независна македонска држава. Текот на Референдумот го следеа 167 домашни и 100 странски акредитирани новинари. Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ, по дефинитивното изјаснување на Словенија и Хрватска дека се определуваат за независност и самостојност. Во Македонија беше спроведено предреферендумска кампања, а на 2 септември беше објавен заеднички проглас на парламентарните и вонпарламентарните партии со кои граѓаните беа повикани масовно да излезат и да се изјаснат ЗА на Референдумот. Партиите на Албанците ПДП и НДП не го поддржаа прогласот. Поддршка на Референдумот изрази само Унијата на албанската интелегенција.

Во кампањата на Референдумот се вклучи и Македонската православна црква која со семакедонска христијанска, православна молитва, преку божествена литургија, одржана на 1 септември во Соборниот храм Свети Климент Охридски, го обнароди значењето на Референдумот како трето илинденско послание. Во тој период, поточно на 15 јануари 1992 година, Република Бугарија беше првата држава што ја призна независноста на Македонија. Следуваа признавањето од Турција, Словенија, Хрватска, Русија и Босна и Херцеговина… Инаку на Референдумот му претходеше Декларација за независност што првото повеќепартиско македонско Собрание ја усвои на 25 јануари 1991 година формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Сенка врз настаните со кои се појавија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на Референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од страна на пратениците Албанци. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето на ОН беше направено под привремената референца Пораншена југословенска Република Македонија. Република Македонија денес има восоставено дипломатски односи со 158 држави во светот, а под уставното име е признаена од 117 меѓу кои и три од членките во Советот за безбедност – Кина, Руската Федерација и САД.

* 8 септември е светски ден на Физиотерапевтите.

*8 Септември 1814 – Во Манастирот Св. Јован Бигорски дошол дебарскиот делија Јусуф-бег со банда разбојници Гего-Арнаути од Лујма (Река), Сев. Албанија, што ја сочинувале над 200 души, познати зулумќари, со намера манастирот да го преуреди во теке. За таа цел донесол и мајстори од Тетово, градители од турско потекло, што имале задача од манастирските објекти да отстранат се што го симболизирало христијанството. Јусуф-бег седнал во средината од манастирскиот двор, опкружен од неговите најблиски соработници и почнал да издава наредби за тоа – што треба да се прави. Во меѓувреме, од манастирскиот храм се појавил игуменот Арсенија со метална кутија во рацете и се упатил право кон бегот, со намера да му ја предаде. Многумина сметале дека во кутијата се наоѓа клучот од манастирот, што била вообичаена практика во такви прилики. Кога игуменот дошол до бегот, му се обратил со зборовите: Наш почитуван бегу, оваа кутија – подарок, ви ја праќа неговата висост Али-паша Јанински, во знак на помирување! Ве молам да ја примите!, а потоа се повлекол во манастирската црква. Бегот восхитен од гестот на Али-паша, со кого бил во закрвени односи, со љубопитство ја отворил кутијата. А тогаш вивнала силна експлозија од чие разурнувачко дејство настрадале и бегот и неговите најблиски соработници. Од експлозијата на самото место загинале 20 разбојници, а бегот, тешко ранет, бил пренесен во Дебар. Целиот овој случај било дело на Кузман Капидан, кој од страна на охридскиот началник-сераскер Џеладин-бег бил задолжен да ги ликвидира сите водачи на арнаутските разбојнички банди. Во Кодикот од манастирот истиот ден било запишано: Во 1814 година, се стори големо чудо – стана Гемон, кој имаше намера да го разруши манастирот и да го преуреди во теке. Тоа беше дебарскиот Јусуф-бег. Негов непријател беше Али-паша Јанински. На 8 септември Јусуф-бег беше ранет, а на 21 истиот месец почина. Кога го погребуваа настанаа силни грмотевици и паѓаше силен град..! Од ударот на експлозивната кутија загинаа дваесет души од неговите луѓе. Исплашени од експлозијата и од чудото, разбојниците агарјани се разбегаа. Така манастирот беше спасен од уништување

22

* 8 септмври 1331г. Стефан Душан се прогласува за Крал,а 1346г. се крунисал во Скопје и го издал познатиот Душанов законик

* 8 септември 1903.- Во Битола, од двајца  – турски стражари  убиен е Александар Аркадиевич Ростковски, руски конзул во Битола. Како руски дипломат во Македонија, тој добро ги следеше настаните во Македонија, а особено тие што се случуваа на територијата на Битолскиот вилает. Посебно внимание обрнуваше на дејноста на ВМРО, за нејзината разгранетост на градски и на селски револуционерни комитети, за движењето на револуционерните чети во Македонија, а особено за почетокот на Илинденското востание. Роден е во 1860 година.

* 8 септември 1942 година,загина Кочо Чолаковски–Станко, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење. Роден е во селото Ниже Поле во 1923 година. Се занимаваше со земјоделство и сточарство. Од почетокот на окупацијата беше активен приврзаник на антифашистичкото движење и беше вклучен во организирањето на антиокупаторската вооружена борба.  Загина при пренесување на оружје во времето на преместувањето на партизанскиот логор во Ореовската Планина. Погребан е на партизанските гробишта во Битола.

* 8 септември 1942  година кај село Лавци, Битолско, е формиран БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД “ЈАНЕ САНДАНСКИ”. Бил именуван и како Народноослободителна партизанска чета. Извршил напад на бугарскиот екипаж кај железничката станица меѓу селата Српци-Беранци на 10 ноември 1942 г. Поделен по групи одржувал политички митинзи по битолските и леринските села во зимата 1942/43 г., а потоа во март 1943 г. влегол во состав на Битолско-преспанскиот Партизански одред “Даме Груев”, со кој се префрлил на костурско-леринското подрачје.

* 8 септември 1944.- Ослободен е Дебар.

* 8 септември 1945г. Президиумот на Македонија донесе закон со кој 11 Октомври се прогласува за народен празник.

* 8 септември 1944.- Ослободенo e Крушево.

* 8 ептември 1944 –ослободен е Пробиштип

* 8 септември 1967.- УНЕСКО го прогласи Меѓународниот ден на писменоста.

* 8 септември 1976.- Во Скопје умре Кирил Ќамилов, македонски учесник во Шпанската граѓанска војна (1936-1939 г.). Роден е во Велес, на 28 јануари 1898 година.

* 8 септември 1984.- Во Атина умре Рита Буми Папа, истакната грчка поетеса, повеќекратен учесник на Струшките вечери на поезијата и на Меѓународната средба на литературните преведувачи во Тетово. Автор е на триесетина поетски, прозни и есеистички книги, меѓу кои најзначајни се стихозбирката “Љубовни песни”, “Нена”, “Ново зеленило”, “Пулсот на мојата тишина”, “Илјада убиени девојки” (во која е поместена и песната на македонската хероина Мирка Гинова) и други. Таа е составувач и на антологијата на светската лирика, во која се поместени и песни од македонските поети (Константин Миладинов, Рајко Жинзифов, Кочо Рацин, Коле Неделковски, Ацо Шопов, Матеја Матевски и Анте Поповски). Родена е во 1906 година.икифорово, Гостиварско, на 14 август 1915 година.

* 8 септември 1992.- Промовирана е првата редовна поштенска марка на Република Македонија.

* 8 септември 1995.- Во Скопје умре Ристо Марковски, македонски новинар и познат публицист во областа на науката и техниката. Роден е во Галичник, во 1927 година.

*8 септември 2017г. почина легендарниот југословенски актер Љубиша Самарџиќ на 80 години. Љубиша Самарџиќ е роден на 19. ноември 1936 година во Скопје, во семејство на рудари. Тој стана познато име во југословенското кинематографија по настапите во воените филмови во поранешната СФРЈ во кои постојано глумеше партизан и лик од народот. Талентот кој го поседуваше му овозможи големи успеси, а специфичноста го направил легенда.

*8 Септември 1996 – Пуштени во промет шест нови македонски банкноти, што беа промовирани на 6.9. Во оптек се најдоа банкноти во апоени од 10, 50, 100, 500, 1,000 и 5,000 денари. Автор на идејното решение за новите банкноти е Билјана Унковска, сликарка и графичарка.

Претходниот артикал,Слободан,Славица и Љупчо
Следната статијаРУСКА ПЛАЖА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука