РУСКА ПЛАЖА

0
433

Во Скопје и неговата поблиска околина по течението на Ваедар постоеле многу плажи.

Порано немало изградено базени, а и чистите води на Вардар биле единствените места за разладување на скопјани.Нема скопјанец кој не слушнал за некогашната Руска плажа на Вардар. А, зошто ја нарекуваат руска плажа ,каде се наоѓала ,кој ја создал во текстот подолу.Приказни, случувања, вистини и митови од сеќавањата на стари скопјани се пренесуваат од генерација на генерација, но само неколкумина знаат да објаснат зошто оваа скопска плажа била наречена токму Руска плажа.

Плажата скопјани ја нарекле Руска, оти во нејзина близина живеел Русинот Иван Затенко. Така им било најлесно да ја лоцираат. “Руска плажа”, погоре од Градската – каде што денеска е изграден мостот кај хотел ресторанот “Александар Палас”.

Иван бил  хидротехничар, работел на регулација на Вардар, а во близина на Руската плажа имало канали кои ги надгледувал.

Неговото семејство и денес живее во Скопје, во близина на некогашната Руска плажа. „Татко ми дошол во Скопје кога руската царска војска се повлекувала од Крит и останал да живее овде. Работел како хидротехничар, работно место му била реката, а живееле со мајка ми близу денешната Македонска опера и балет. Таму имале куќа, а татко ми секој ден од таму доаѓал овде во Карпош, оти тука имало канали преку кои се регулирала реката. По извесен период му се смачило секој ден да го проаѓа тој пат, па овде, во близина на тогашните канали си направил колиба, за да може да преспива. Тогаш ова место станало попатна станица на сите кои од Тафталиџе оделе на плажа. Минувале од тука, а татко ми си направил и пумпа за вода пред колибата, па луѓето застанувале да се напијат вода, да се измијат и да се одморат од патот оти оделе пешки. Го викале Русинот, па по кусо време и плажата почнале да ја викаат Руска.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 8 СЕПТЕМВРИ
Следната статијаСлавица и Љупка-1962

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука