Легендата за Струмин гроб

0
123

 И, денес е нем сведок за предавството направено поради љубов

Градот со кој владеел таткото на убавата Струма, бил опсаден од силна византиска војска, која не успевала да го освои.

Но, тогаш се случило предавството, кога Струма се заљубила во византискиот војсководец и му ја открила тајната за неосвоивите „Цареви Кули“

 Потковиците на коњите да ги заковаат наопаку за да можат полесно да се качат до тврдината – им кажала Струма, а војниците ја послушале и со нивните коњи лесно се искачиле по стрмните падини

 Византијците ја освоиле тврдината, а таткото ја проколнал ќерка си:кога ќе умреш земјата девет пати да те исфрла од гробот.

Деветте слоеви делкан бигор, легендата ги поврзува со деветте исфрлувања и погребувања на Струма

Стуминиот гроб висок е 2.30 метри, широк 2.40 метри и долг 4.00 метри и се наоѓа во селото Баница, на само два километри северозападно од Струмица.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука