*17 јули 1980г. По претходна иницијатива од граѓаните на Илинден и одлуката на Месната Заедница и Собирот на граѓаните на Илинден , како и мислењето на Извршниот Совет на општина Гази Баба и Градот Скопје ,ИЗВРШНИОТ СОВЕТ на Македонија донесе РЕШЕНИЕ за промена на името-називот, од БЕЛИМБЕГОВО во ИЛИНДЕН.Постапка до донесувањето на оваа одлука на Извршниот Совет на Република Македонија ,траеше две години.
*17 јули 1936 започнала Шпанска револуција,позната како Шпанска граѓанска војна помеѓу шпанската републиканска влада и нејзините левичарски поддржувачи, од една страна, и бунтовниците, војската и десно-ориентираните формациии, на чело со Франциско Франко од друга.Во војната се вмешуваат и странски сили. Иако во принцип е усвоена политика на немешање, СССР ја поддржува владата (иако помошта на СССР е во голема мера двосмислена), а Франко е поддржан од Италија на Мусолини и од Хитлерова Германија. На страната на владата се борeле и доброволци од многу земји, кои главно биле дел од Интернационалните бригади. По тригодишна војна во која загинале од 500.000 до 1.000.000, победа извојувале бунтовниците на Франко, воспоставувајќи десничарска диктатура и монархија. На страната на Републиката се бореле и 137 Македонци од трите дела на Македонија.Војната траела до 1 април 1939 година.
*17 јули 1969.- Во Скопје умре Нестор Алексиев Мирчевски, резбар, последен од големата тајфа македонски резбари, врвен мајстор во резбарање на дрво и на мермер. Зад себе остави големо дело кое може да се сретне во резбарените иконостаси во Македонија и во другите балкански држави. Во 1939 година ја освои првата награда на Светската изложба на уметничко занаетчиство во Берлин. Роден е во селото Осој, Дебарско, на 25 март 1873 години.
*17 јули 1975.- Во орбитата околу Земјата се споија советскиот вселенски брод „Сојуз 19“ и американскиот „Аполо 18“, а командантите на леталата Алексеј Леонов и Том Стафорд се ракуваа и си разменија честитки, при што Русинот зборуваше на англиски, а Американецот на руски јазиk.
.
**17 јули 1976.- Умре Вељо Личеноски, прв филмски монтажер во Македонија, еден од основоположниците на македонскиот филм и еден од најистакнатите режисери на ТВ Скопје. Роден е во 1930 година.
*17 јули 1984.- Лансиран е советскиот вселенски брод “Сојуз 12”. Членот на екипажот Светлана Савицкаја стана прва жена која “прошета” во вселенскиот простор надвор од леталото.
*17 јули 1986— почина Ристо Шишков истакнат македонски филмски и театарски глумец Ристо Шишков е роден во 1940 година, во селото Мрсна, (Егејска Македонија), во ситуирано трговско семејство. Татко му Васил и најстариот вујко лежеле 4 години затвор на Крит. Во 1942 година Ристо ја доживува трагичната судбина на децата бегалци. Преку Бугарија во 1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој се школува. Во текот на својата 26-годишна професионална кариера, Ристо Шишков играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма ( Македонска крвава свадба, Републиката во пламен, Црно Семе, Истрел, Јад, Најдолгиот пат, Црвениот коњ, Нели ти реков и др.) а во дванаесеттиот, “Води”, неговата ролја е преснимена, пет телевизиски драми и три телевизиски серии.Во 1979 е обвинет за навреда на српски и хрватски артисти, како и на Тито, и во монтиран судски процес е осуден и на 15 јануари 1980 заминува во затвор. По боледување, умира на 17 јуни 1986 година во Скопје.(Според Википедија починал на 17 јули,а според некои други на 17 јуни)
*17 јули 1993.- Во Будимпешта, деветте земји-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), ја примија Република Македонија како полноправна, десетта членка на оваа асоцијација
*17 јули 2016г. почина Трајче Грујоски, носител на „Партизанска споменица 1941“ и министер во републичката и југословенската влада, потпретседател на македонското Собрание, судија во Уставниот суд, и професор.Роден на 19 август 1921г во Битола.