Нашата сограѓанка, Ана Милчевска талентираната професионална фудбалерка и репрезентативка на А-селекцијата на Македонија, која од пролетниот дел е член на женскиот фудбалски клуб Сарајево 2000 од БиХ, се закити со уште еден престижен медал во клупска конкуренција.
Имено, СФК Сарајево и оваа година ја освои титулата државен првак во Премиер лигата на БиХ, 21-ва по ред, со што повторно е на сцена на Европското натреварување во Лигата на шампиони, каде се очекува добар пласман во квалификациите за Европската титула.
Покрај досегашниот настап во сите младински селекции на нашата репрезентација, како и за сениорската А-репрезентација, за нашата Ана (Глиш), ова е втора титула државен првак, а претходната ја има од Првата ЖФЛ на ФФМ, во сезоната 2017/2018 со ЖФК Драгон 2014г,како и државен првак во младинска категорија.
Интересен податок за самиот клуб СФК Сарајево, е што во светски рамки го има стетскиот и Гинисовиот рекорд за 21 последователни шампионски титули во едно државно натреварување, како и повекекратен носител на пехарот на Куп на Бих, за кој, на 24,05,2023г. го игра големото финале….
Покрај титулата првак на БиХ ,СФК 2000 Сараево ја задржа титулата на КУП на БиХ, односно и оваа година го освои Купот на БиХ.
Населба Илинден на Ана и посакува уште поголеми спортски резултати од досега постигнатите!