Чедомир Ристовски –поранешен фудбалер
Потекнува од најспортската галабија во нашата средина ,од Златанови(Ристовски и Христовски)од Бунаеџик.
Од овој род поединци спортисти ги има во сите спортски дисциплини но најмногу во фудбалот (и во машки и во женски),ракометот и други.
Во фудбалот поединци од овој род настапувале во сите фудбалски лиги што постојат во Македонија ,а неколкумина и за Македонската фудбалската репрезентација.
Но, да се задржиме на Чедо ,како натпросечно дете за фудбалски вештини тој започна директно во најтрофејниот наш фудбалски тим Вардар,во младинските категории.
Како младидинец за Вардар и Македонија настапувал на многу турнири во поранешната држава.
Но, по едно негово разочорување од односите во селектрирањето на младинците за настапи во Вардар,тој едноставно прекинува со фудбалот .
По одредена пауза надвор од фудбалскиот терен,Чедо на инсистирање на Златко Илиевски и Јосиф Сребров се враќа на фудбалот и настапува за ФК Скопје.
По извесно време ја менува средината и преоѓа во соседниот Металург.
По неколку годишно настапување за ФК Металург ,ја прифаќа поканата и преоѓа да настапува за ФК Куманово .
Својата фудбалската кариера ја заврши во ФК Илинден.

Инаку , во најрана возраст во години на кои не се дозволува на младите да настапуваат во сениорски екипи ,Чедо со неговите 15-16 години под туѓа книшка настапувал за Бунарџик.
Чедо,постигна многу во фудбалот,но сепак можеше многу повеќе !!!








































